
Костадинов: Многу веројатно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загубат поголемите центри на локалните избори
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, во гостување во емисијата на ТВ21, „Дејли Клик“, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ знаат дека ќе ги изгубат поголемите центри на локалните избори.
-Многу веројатно ВМРО-ДПМНЕ знаат дека ќе ги изгубат поголемите центри на локалните избори, па бараат начин како после да прават опструкции на градоначалниците од СДСМ коишто ќе победат на изборите, вели Костадинов.