Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОСОВСКИТЕ МЕДИУМИ ГО ОТКРИВААТ ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ УБИЕН ВО ПРИШТИНА: Тргувал со дрога
Регион

КОСОВСКИТЕ МЕДИУМИ ГО ОТКРИВААТ ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ УБИЕН ВО ПРИШТИНА: Тргувал со дрога

15/06/2023

AA

По инфомрациите дека едно лице е застрелано синоќа на улицата „Ц“ во Приштина, при што првично беше објавено дека изрешетениот автомобил е со скопски регистерски табилци, утринава косовските медиуми јавуваат дека жртвата е Блерим Дачи.

Како што пренесува „Газета експрес“, Блерим Дачи им е познат на правосудните органи бидејќи се занимавал со трговија со дрога.

Упатените дознаваат дека во автомобилот имало повеќе од едно лице кое го извршило делото и го напуштило местото на настанот. Тие побегнале во правец на Грачаница, но полицијата не успеала да ги фати. Според изворите, автомобилот со кој наводно е извршено делото, полицијата го пронашла изгорена.

Во возилото што осомничените го запалиле, полициски службеници пронашле два калашникови, оружје за кое постои сомневање дека е употребено за убиство на жртвата.

Косовската полиција соопшти дека случајот се истражува.

„Околу 20.00 часот било пријавено дека на улицата „Ц“ во Приштина имало пукање. Полицијата излегла на местото на настанот и од првите информации добиени од лекарите од итната помош било потврдено дека едно лице е без знаци на живот. Полицијата продолжува со работа со дејствија на увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија за откривање и лоцирање на осомничените во случајот“, потврдија од полицијата.

Од македонските институции се уште нема потврда дали навистина станува збор за граѓанин на Македонија, и дали навистина станува збор за лицето кое го објавија косовските медиуми. 

Фото: Принтскрин/ Газета експрес

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41540
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за семејно насилство

16/02/2026

Скопјанец на 34-годишна возраст е уапсен вчера вечерта откако попладнето сопствените мајка и сопруга го пријавиле дека ги нападнал, а

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река во Кичево

16/02/2026

По излевањето на Зајаска Река, Кичево ги санира штетите од новите поплави што настанаа поради обилните врнежи од дожд. Над

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре ќе користат маневарска муниција

16/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy