Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кошутиќ го остава најголемиот енергетски проект во земјата за да ги води македонски Железници АД
Економија

Кошутиќ го остава најголемиот енергетски проект во земјата за да ги води македонски Железници АД

18/07/2024

AA

Поранешниот заменик-министер за транспорт и врски и последен директор на Скопски саем, Дејан Кошутиќ, по само една година и неколку месеци откако беше назначен да раководи со големата израелска инвестиција во Македонија на гигантот Big Shopping Centers,  од новата власт е поставен за генерален директор на Железници – Транспорт.

Big Shopping Centers, позната по тоа што купува недвижнини на Балканот и поседува трговски молови во регионот, преку својата фирма за инвестирање во производство на електрична енергија БИГ Енергиа Холдингс ја регистрираше македонската компанија Биг Мега Менаџмент, а во текот на минатогодишната пролет го ангажираше Кошутиќ.

Новиот менаџер ќе има голема одговорност пред себе со оглад на тоа што акционерското друштво во државна сопственост е едно од назадолжените и најнерентабилните претпријатија во земјата, но Кошутиќ за „Фактор“ вели дека во моментов се прават планови за нова визија во работењето, кои ќе бидат наскоро обелоденети пред јавноста.

Истовремено „Фактор“ го праша кој е мотивот од менаџирање на еден амбициозен инвеститорски проект да се префрли на раководење на друштво кое добива позајмици и субвенции за да подели плати и да ја плати сметката за струја.

– Официјално излегов од Биг Мега Менаџмент и повеќе таму немам никакво влијание. Целосно ќе се посветам на мојата нова функција. Можам да кажам дека од Биг Мега Менаџмент заминувам во вистинско време, бидејќи таму, како што се вели – детето е изведено на прав пат. Сите проекти се спакувани како што треба и се оди по планот. Мојата задача таму заврши, а во Железници – Транспорт само што започнува, вели Кошутиќ.

Big Shopping Centers летото 2022 соопшти дека презема проект во Македонија вреден 53 милиони евра на огромна површина во Пробиштип со изградба на фотоцентрала со моќност од огромни 119 мегавати, а веќе се и превземени уште неколку проекти за електрани со над 50 мегавати. 

БИГ Енергиа Холдингс, огранокот на Big Shopping Centers, во последно време инвестира, но и купува готови проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори. Свои тековни инвестиции има во Романија и БИХ, а активна е и во други земји од регионот.

Фирмата-мајка тогаш рече дека компанијата купила проекти со вкупен капацитет од 500 мегавати и оти инвестициите во нив треба да изнесуваат вкупно 520 милиони евра. Вкупната моќност од портфолиото на проекти во подготовка достигна 1,4 гигавати. Компанијата има за цел да биде доминантна во областа на обновливите извори на енергија во Источна Европа и на Балканот.  BIG работи од 1994 година. Таа е водечка групација за недвижнини во Израел. Компанијата излезе на берзата во Тел Авив во 2006 година, а нејзината пазарна капитализација на 31 декември 2021 година беше 3,1 милијарди евра.  Според информациите кои неофицијално претходно ги добивме од „Биг Енергија Холдингс“, веќе се купени околу 900.000 метри квадратни земјиште во близина на Пробиштип, а десетици илјади метри квадратни од таа површина претходно била државно земјиште преземено заради дооформување на парцела само за проектот „Скај Солар“..

Кошутиќ од 2002 до 2006 беше заменик-министер за транспорт и врски, а директор на Скопски саем беше до самото постоење на претпријатието кое се расформира во 2020. Во меѓувреме беше и шеф за изнаоѓање странски пазари на АД Бетон.

Демократската партија на Србите во Македонија на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ пред една недела објави дека Кошутиќ е новиот директор на Македонски железници-транспорт АД.

„Кошутиќ има шанса да ја промени состојбата во Железница, со што ќе овозможи отворање на пазари за нови инвестиции, нова соработка како меѓу домашните, така и со меѓународните компании, како и помалку трошоци за транспорт, што е многу важно за стопанството, но и за економски напредок на земјата“,наведе тогаш партијата.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46773
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД ПОЛИЦИЈА ПОБЕГНАЛ ПРЕКУ ПРОЗОРЕЦ! Девојката

14/11/2026

Mаж осомничен за физичко и психичко малтретирање на 21-годишна девојка успеал да избега низ отворен прозорец од полициска станица во

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy