Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кошаркарките ја освоија БиХ за прва победа по скоро – десет години (ФОТО)
Спорт

Кошаркарките ја освоија БиХ за прва победа по скоро – десет години (ФОТО)

09/02/2023

AA

Македонската женска кошаркарска репрезентација дојде до историско остварување на вечерашното гостување кај БиХ (68-66), откако ја оствари првата победа во меч од европските квалификации по пауза од скоро десетгодини, со што стави крај на црната серија од 22 порази по ред.

Последниот триумф на жолто-црвените беше во јуни 2013 година, кога исто така на гостински терен ја совладаа Португалија (60-56). Потоа следуваа ужасни осум ипол години и многу загубени натпревари, меѓу кои имаше и такви со 70 или 90 поени негатива. Но, вечерва во салата „Илиџа“ во Сараево девојките го оставија срцето на паркетот и дојде до победа, која не значи ништо во пласманот, но која дефинитивно ќе донесе голем мотив не само кај репрезентативките туку и кај сите инволвирани во женската кошарка за напорна работа која би донела подобри денови.

Македонските ептен заслужено ја „освоија“ БиХ со оглед што водеа во текот на целиот меч, на почетокот и со двоцифрена разлика. Домаќинките само во финишот успеаја да се заканат, но нашите девојки најдоа сили да издржат до крајот и потоа заслужено да се радуваат. Анѓелика Митрашиновиќ со 18 поени беше најефикасна во нашата селекција, додека зад неа беа Нена Трајчевска со 17 поени и девет скока и Ивана Кметовска со 14 поени.

И покрај триумфот во Сараево, Македонија останува последна во квалификациската група за пласман на ЕП 2023 со скор 1-4. Лидер е Белгија со 4-1, следува Германија со 3-2, а БиХ е трета со 2-3. Последниот меч од циклусот нашите кошаркарки ќе го одиграат в недела во Скопје против селекцијата на Белгија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
Македонија

22 пожари низ Македонија, 9 се активни

27/08/2026
Македонија

Спор меѓу телевизиите и АВМУ: Дали спортските канали „Арена“ илегално

27/08/2026
Македонија

Пронајдена почината 65-годишна скопјанка, телото предадено на обдукција

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45295
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026

На 26.08.2026 во 15:45 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 42-годишен маж, постапувајќи по

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“

27/08/2026

Ги известуваме учениците кои се примени согласно објавената ранг листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“, дека

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се заканувала на цело семејство

27/08/2026

На 26.08.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од скопско, пријави дека во семејниот дом во скопско, нему

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy