Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Конечно: Универзална почнува да се гради!
Македонија

Конечно: Универзална почнува да се гради!

08/04/2026

AA

Со особено задоволство ја информираме јавноста дека по долги години чекање и административни пречки, денес официјално можеме да објавиме: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија.

Министерството за култура и туризам информира дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда. Со ова се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните работи.

Со решението дефинитивно се потврдува Одлуката за избор на најповолна понуда од 23.03.2026 година и е одбран конечен изведувач на проектот.

Проектот се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата на Универзалната сала треба да заврши до декември 2027 година. Ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носењето на престижната титула – Европска престолнина на културата 2028.

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани. Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, инвестиција во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации.

Министерството за култура и туризам останува целосно посветено на транспарентно, законито и брзо реализирање на сите капитални проекти кои го зајакнуваат културниот идентитет на земјава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна

08/04/2026
Македонија

Зголемено производството на кравјо и овчо млеко, пад кај козјото

08/04/2026
Македонија

Велигденски ручек по европски цени: Колку ќе нè чини празничната

08/04/2026
Македонија

И СТОЈАНЧЕ ЈА ПРИЈАВИЛ ИВАНА ДЕКА ГО ТЕПА Презентирани аудио

08/04/2026
Македонија

Вработените во „Комуналец“ Гостивар по 13 години добиваат здравствено осигурување

08/04/2026
Македонија

Аудиоснимка од 112: Ивана пријавила дека дома и се чува

08/04/2026
Македонија

ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОМУНАЛЕЦ ГОСТИВАР ПО 13 ГОДИНИ ДОБИЈА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

08/04/2026
Македонија

Конечно: Универзална почнува да се гради!

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42246
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства

08/04/2026

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Гупацијата – дванаесетта година е дел од хуманитарната иницијатива “Подај рака“

Зголемено производството на кравјо и овчо млеко, пад кај козјото

08/04/2026

Производството на млеко и јајца во земјава бележи пораст во 2025 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика,

Велигденски ручек по европски цени: Колку ќе нè чини празничната трпеза годинава?

08/04/2026

Како што се приближуваме до најголемиот христијански празник Велигден, главната тема во македонските семејства станува математиката: како да се подготви

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy