Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОНЕЧНО, ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТОДАВЦИ СФАТИЈА: „Не треба да се инсистира странците да зборуваат германски“
Економија

КОНЕЧНО, ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТОДАВЦИ СФАТИЈА: „Не треба да се инсистира странците да зборуваат германски“

04/07/2023

AA

Посилната имиграција е решение за недостигот на квалификувана работна сила во Германија, изјави Моника Шницер, претседателка на Советот на економски експерти на германската влада.

„На Германија ѝ требаат 1,5 милиони имигранти годишно за, доколку се одбие огромната емиграција, секоја година да имаме 400.000 нови граѓани и на тој начин да го зачуваме бројот на работници“, соопшти експерт од советодавното тело, кое колоквијално е познато како Економски совет. 

„Итно ни е потребна култура на добредојде. Ако Интел гради фабрика во Магдебург и има потреба од странски квалификувани работници, тие исто така мора да чувствуваат дека се добредојдени таму“, рече Шницерова.

Таа оцени дека во таа насока оди и новиот германски закон за професионален труд. Сепак, според неа, потребно е повеќе, на пример услуги за имигрантите кои нема да им предизвикуваат страв, туку ќе даваат услуги, пренесува dpa.

„Не треба да инсистираме странците да зборуваат германски за секоја работа, но треба да се погрижиме вработените во службите за странци да зборуваат англиски“, објасни Шницерова.

Пред десет дена, тричлената германска владина коалиција го протурка новиот закон за имиграција на квалификувани работници со мнозинство во Бундестагот. Новина во него е, меѓу другото, таканаречениот систем на шанси, кој се заснова на бодови кои се стекнуваат по различни критериуми.

Тие вклучуваат јазични вештини, работно искуство, возраст и врски со Германија. Во иднина, специјалисти за ИТ технологија ќе можат да доаѓаат во Германија дури и без високо образование, доколку докажат дека ги имаат потребните квалификации.

Советот на економски експерти на германската влада брои пет члена и како владино тело се занимава со анализа на севкупниот економски развој на земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy