Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОНЕЧНА ПРЕСУДА: ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ГО НАКЛЕВЕТИЛЕ КОЧО АНЃУШЕВ ЗА УВОЗОТ НА ТОКСИЧЕН МАЗУТ Ќе мора да платат отштета од вкупно 120 денари
Македонија

КОНЕЧНА ПРЕСУДА: ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ГО НАКЛЕВЕТИЛЕ КОЧО АНЃУШЕВ ЗА УВОЗОТ НА ТОКСИЧЕН МАЗУТ Ќе мора да платат отштета од вкупно 120 денари

25/02/2026

AA

Сашка Цтевковска и ИРЛ го изгубија спорот од Кочо Анѓушев

Апелациониот суд Скопје денеска соопшти дека донел конечна пресуда во граѓанската парница помеѓу Кочо Анѓушев и неговата компанија „Фероинвест“ и Сашка Цветковска и Истражувачката репортерска лабораторија – уредничката и ИРЛ се правосилно осудени за сторена клевета кон Анѓушев во емисијата за увоз на токсичен мазут и загадување на воздухот под наслов „Заговор против воздухот“, емитувана во мај 2021 година.

Апелациониот суд ја потврди пресудата на првостепениот суд, во која се вели дека ИРЛ и Цветковска без основа го довеле Анѓушев во врска со темата „токсичен мазут“ – го обвинувале дека компанијата БРАКО купила одредена количина таков мазут и дека тој, како вицепремиер, имал работен состанок во Владата, на кој биле присутни и лица од таа дејност.

Без да ја испочитува професионалната обврска да ја слушне другата страна и игонирајќи ги неговите деманти, ИРЛ го претставила Анѓушев како човек одговорен за увозот на токсичен мазут. Вистината е сосема поинаква. Состанокот во Владата за кој се говори во сторијата бил за сосема друга тема, се одржал во присуство на шеф на кабинет, советници и на други владини претставници, кои за тоа сведочеа на судењето и ги демантирале наводите на ИРЛ. За тој состанок постои и официјален записник. Дополнително, ноторен факт е дека бизнисменот Кочо Анѓушев никогаш не се занимавал со трговија на нафтени деривати.

По тужбата на Анѓушев и на компанијата „Фероинвест“, во 2022 година првостепениот суд пресуди дека нема клевета. Но, година дена подоцна, Апелациониот суд ја укинаа пресудата и го врати случајот на повторно судење. Постапувајќи по забелешките на Апелација, во 2023 година првостепениот суд, во второто судење, ги преоцени фактите и пресудија дека има клевета. По жалба на осудените, на 25 февруари 2025 година, Апелациониот суд ја потврди пресудата.

Но, процесот не заврши веднаш. ИРЛ инсистираше Апелациониот суд да одржи јавна расправа пред да донесе конечна пресуда. Таква расправа се одржа на 16 февруари годинава. Двете страни ги изложија своите аргументи, но беше јасно дека ништо не може да ја промени фактичката ситуација. Денеска, среда 25 февруари, во присуство на адвокатите на Анѓушев, на ИРЛ и на повеќе поддржувачи на ИРЛ од новинарските здруженија и од медиуми, се случи она што беше најавено – објавување на конечната правосилна пресуда.

По изрекување на осудителната пресуда, Сашка Цветковска, револтирано му се обратила на судијата кој претседавал со петчлениот судски совет, со зборовите: „Е браво, секоја чест!“ Според присутните адвокати на Анѓушев, репликата на Цветковска имала и дополнение, но за тоа ќе оставиме да сведочат сведоците на настанот.

Попладнето се огласија ЗНМ и ССНМ, со став дека „ќе продолжат да стојат зад истражувачкото новинарство и да ја следат натамошната постапка по приемот на писмената одлука, вклучително и користење на сите расположливи правни механизми пред повисоките домашни и меѓународни судски инстанци“.

Во соопштението се вели дека ЗНМ во период подолг од пет години обезбедувал бесплатна правна поддршка, а двете организации јавно го следеле овој предмет и посочуваа „на неговото значење за слободата на изразување, јавниот интерес и заштитата на истражувачкото новинарство, вклучително и во контекст на ризиците од стратешки тужби против јавно учество (СЛАПП)“.

Интересно е дека според тужбеното барање, во пресудата, која сè уште не е напишана, ИРЛ и Сашка Цветковска ќе бидат задолжени на Кочо Анѓушев и на „Фероинвест“ да им исплатат по 60 денари или вкупно 120 денари на име отштета. Тоа е помалку од 2 евра. Во реакцијата на конечната пресудија, од компанијата на Анѓушев велат:

„Судовите со овие пресуди потврдија дека оваа група со години врши медиумски клевети, изнесува лаги и зависно од текот на финансиите креира средина во Македонија за јавна пресметка со одредени личности за да направи дефокус и заштита токму на вистинските сторители на казниви дела и користена е за внатрешни политички пресметки во Македонија, служејќи на одредени страни.

Во секоја земја економијата е таа која ја движи државата напред и која продуцира работни места и ја полни државната каса со даноци, за да има функционално општество. Кај нас, зад нападите врз компаниите и бизнисмените со лажни вести, стојат крајно неодговорни лица, кои се водат само од свои кариерни и хонорарни причини, а им нанесуваат економска штета на државата и на стопанството“.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УСТАВЕН ГИ „ЗАКЛУЧИ“ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА НЕРЕЗИДЕНТИ Пензионерите во

25/02/2026
Македонија

Дел од Кисела Вода без вода вечерва!

25/02/2026
Македонија

ВИДЕО Работник со багер срушил гробни места на гробиштата во

25/02/2026
Македонија

КОНЕЧНА ПРЕСУДА: ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ГО НАКЛЕВЕТИЛЕ КОЧО АНЃУШЕВ

25/02/2026
Македонија

Арбен Фетаи свикува итен состанок, очекува распуштање на сите структури:

25/02/2026
Македонија

Клименов: Дејан Манасиев беше шеф и ги исплаќаше келнерите

25/02/2026
Македонија

Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат

25/02/2026
Македонија

ТАЖНО Е ДО КОЕ ДЕРЕЏЕ СЕ ДОВЕДЕ НЕКОГАШНАТА ДРЖАВОТВОРНА ПАРТИЈА

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41945
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УСТАВЕН ГИ „ЗАКЛУЧИ“ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА НЕРЕЗИДЕНТИ Пензионерите во странство не се во иста

25/02/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните

Дел од Кисела Вода без вода вечерва!

25/02/2026

Без вода вечер од 20:30 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани од булевар „Крушевска Република“ до Рампа.  Како што

ВИДЕО Работник со багер срушил гробни места на гробиштата во Драчево

25/02/2026

На гробиштата во Драчево е пријавен инцидент во кој работник со градежна машина – багер – срушил повеќе гробни места. Настанот предизвика

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy