Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОМПАНИЈА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ГИ ОТКРИ СИТЕ ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА НЕЈЗИНИТЕ ДИРЕКТОРИ – еве колку тие изнесувале
Економија

КОМПАНИЈА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ГИ ОТКРИ СИТЕ ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА НЕЈЗИНИТЕ ДИРЕКТОРИ – еве колку тие изнесувале

18/03/2024

AA

Текстилната компанија „Мода“ од Свети Николе ќе држи
Собрание на акционери на 16 април оваа година, а во предлог одлуките за кои
треба да гласаат акционерите има интересни новини и податоци за компанијата.

Една од одлуките за кои треба да гласаат акционерите на
седницата на Собранието е како ќе се покрие загубата, која компанијата, не по
своја вина, ја прикажа во текот на минатата година.

Имено, ланската 2023 година светиниколска „Мода“ ја
заврши со негативен финансиски резултат од близу 19 милиони денари или прецизно
308 илјади евра.

На акционерите им се предлага таа загуба да биде покриена
од акумулираните добивки од минатите години, и тоа 160 илјади евра од акумулирана
добивка од 2022 година, потоа 113 илјади евра од 20109 година, како и 35 илјади
евра од акумулираната добивка од 2018 година.

Собранието на акционери ќе има увид и во годишниот
извештај на компанијата, а во кој се споделени состојбите во минатата година,
меѓу кои и оние кои беа објавени во Билансот на успех и во неговото образложение, а за кои веќе пишуваше Фактор.

Имено, како што објавивме,
како причини за згубата од 308 илјади евра која ја објави „Мода“ за минатата
година се наведуваат намалените производни резултати, но и
повисоките плати во исто време, а голем проблем на ова акционерско друштво му
создала и земената државна помош во времето на ковид
кризата, која потоа не само што мораше да ја врати, туку и за неа да плати
казнена камата.

Оваа
компанија, како што говори нејзиниот Биланс на успех, минатата година остварила
оперативни приходи од дури 4 милиони евра, што е повеќе за 17 проценти во однос
на претходната година. Овој
финансиски извештај покажува дека најголемиот дел од приходите била остварени
од продажба на странскиот пазар, наспроти домашниот. Па така, како приходи од
продажба на странски пазар се регистрирани 3,65 милиони евра што е пораст за
солидни 19 проценти во однос на една година претходно. Извозот главно се состоел од машки кошули. На
домашниот пазар, пак, се остварени продажби од 291 илјади евра, што е
зголемување за 6 отсто во однос на истиот период лани.  

„Треба да се напомене дека во 2023 престана да се
произведува заштитна облека која беше поедноставна и со помалку време за
производство на единица производ, и се разбира со пониски цени. Затоа вредноста
на остварениот извоз во 2023 година изнесува 3.415.299 евра, и е за 22 отсто
поголем од минатогодишниот“, напиша Ангел Димитров, извршен директор на
„Мода“ во образложението за остварените резултати.

За да се одржи производниот
капацитет во 2023 година, компанијата користела и работници од агенциите за
времени вработувања, па во минатата година биле остварени повеќе ефективни
работни часови во однос на 2022. Порастот
на трошоците, како што објаснува Димитров во образложението, е главна причина за загубата, и покрај тоа што остварените
приходи се за 21 отсто повисоки од претходната 2022 година.

Инаку, во годишниот извештај е наведена уште една
интересна работа, а таа се платите кои ги зеле директорите во компанијата во
минатата година, во бруто и во нето износ. Тоа е гест за пофалба и пример за
транспарентност и пред акционерите, вработените, како и пред целата
инвеститорска јавност.

Во извештајот се наведени платите на сите членови на
Одборот на директори.

Извршниот директор Ангел Димитров, како што стои во
извештајот, не зема надомест за членство во Одборот.

Но, затоа неговата годишна нето плата изнесува 1.333.145
денари или 21.677 евра, што е рамно на месечен износ од 111 илјаде денари или
1.800 евра месечно. Тој добива и 7.250 денари надомест за годишен одмор.

Неизвршниот член на Одборот Манфред Михалски, кој ги
претставува странските акционери, исто така не зема надомест како член на
одборот, а неговата годишна нето плата е 484.810 денари или 40.400 денари
месечно, како и 14.500 денари годишен надоместок за годишен одмор.

Неизвршната директорка Мара Саздовска добива нето
надомест за членство во одбборот нето од 120 илјади денари.

Солидни примања има и неизвршниот директор Владимир
Стојанов, кој добива годишна нето плата од 756.930 денари или 63.000 денари
месечно, нето надомест за членство во одборот од 120 илјади денари и нето
надомест за годишен одмор од 14.500 денари.

Од компанијата информираат дека лани направиле инвестиции
од 238 илјади евра во движен и во недвижен имот.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy