Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОМОРАТА ОВАА НЕДЕЛА ДОМАЌИН НА НАЈУСПЕШНИТЕ ФИРМИ ВО РЕГИОНОТ
Економија

КОМОРАТА ОВАА НЕДЕЛА ДОМАЌИН НА НАЈУСПЕШНИТЕ ФИРМИ ВО РЕГИОНОТ

30/03/2023

AA

Се очекува приватниот сектор на Балканот да упати порака со
која дефинитивно зборот разумен компромис ќе го замени со синтагмата нема веќе
отстапки чии сметки ќе ги плаќа бизнисот

1. Турбо активностите на Комората во
изминатиот месец продолжуваат. Се добива впечаток дека Комората се позиционира
пред значајните настани кои следуваат. Tоа
значи дека од под тепих се вадат суштинските прашања и со нив се отвора дебата.
Започнавме со инфраструктурата како основна темелна база која треба да биде
крвоток на секоја економија. Бизнисот би бележел подобри резултати ако
реализацијата и динамиката на инфраструктурата е во зацртаните временски рамки.

Исто
така, Месечното обраќање на актуаелна тема како нов продукт во
Комората, го отвори прашањето над сите прашања, КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?
Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство одржа
работна средба со економскиот тим на Владата, а имавме и неколку значајни настапи
во медиумите со што на некој начин се отвори периодот на суштински прашања без
кои нема економски развој.

Неколкуте
бизнис средби со бизнисмени од други држави, го одржаа темпото на регионалната
и меѓународна соработка.

2.Оваа недела започнуваме како домаќини на
австриската бизнис делегација која е во придружба на претседателот на Австрија.
Продолжуваме со Управниот одбор на КИФ и доделување на наградите за
најуспешните компании во регионот за минатата 2022 година. Тука е и работната
средба на бизнис советот на КИФ во која седат по неколкуте најуспешни
бизнисмени од секоја земја на западен Балкан , кои ќе расправаат за
продлабочување на регионалната соработка.

Во
исто време во рамките на проектот на УСАИД на истата тема ќе разговараат
стотина бизнисмени од регионот.

Во
петок, ќе има состанок Платформата за јавен-приватен дијалог каде ќе се анализира
спроведувањето на неколку закони, а ние ќе го покренеме прашањето за таквата
анализа околу Законот за недела неработен ден.

3. Наредниот месец со сериозна дебата ќе
ја отвориме ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС И ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ И
ПОЛИТИКИ. Ќе ја објавиме анкетата за загубите кои ги претрпеа нашите членки во
енергетската криза, а на крајот на месецот Управниот одбор на Комората заедно
со Македонската енергетска асоцијација ќе го анализира работењето на
енергетскиот систем во минатава сезона, но и навреме ќе програмира работење
околу подготовките на новата енергетска сезона 2023/24. Сето ова зборува за
серизноста на темите што одговараат на сериозноста на моментот, затоа што ние
не сме ноеви кои ја пикаат главата во песок, туку активен субјект во креирањето
на економските политики.

П.С.
Активирањето на коморскиот механизам е доволен доказ дека Комората како
институција е оспособена да даде свој придонес во актуелната економска
ситуација, но и дека е подготвена да одговори на сите предизвици кои стојат
пред нас. Ние тоа до сега го докажавме на дело и со здравствената криза
(вакцинирањето), енергетската криза, но и сите други кризи кои започнаа од 2008
година.

Ви
гарантирам дека капацитетот, човечките ресурси и нашата волја се на највисоко
ниво затоа што друга алтернатива немаме освен да се бориме во услови во кои
нема место за компромис и чекање, што значи висока транспарентност, критичност
кон функционирањето на јавниот сектор и истрајност на нашите барања. Или што би
рекол народот, доста беше културен дијалог време е да се престане да се прават
отстапки на сметка на бизнисот.

Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македонија

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy