Колку гас продала Русија лани на балтичките земји?
Русија минатата година им продала двојно повеќе гас на балтичките држави.
Ова го тврдат три извори од секторот за трговија и претовар. Течниот нафтен гас се користи како моторно гориво и како извор на енергија за греење, но и како суровина во производството на други петрохемикалии и е изземен од западните санкции против Русија. „Ројтерс“ пресмета дека Русија извезла 331 илјади тони ЛНГ во Латвија, Литванија и Естонија во 2022 година. Во 2021 година испорача 159 илјади тони.
Рускиот извоз на ЛНГ во Летонија сe зголеми за 77 отсто лани, на 232.000 тони, пресмета „Ројтерс“ врз основа на изворните податоци. Извозот во Литванија беше осум и пол пати поголем од 2021 година, достигнувајќи 72 илјади тони. Извозот во Естонија ске зголеми за 42 отсто, на 27.000 тони.
Поради војната во Украина, Русија е под санции. Европа се труди што побрзо да ја намали зависноста од руски гас.
foto freepik.com/fanijanhua