Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЖАРИТЕ ВО КОЧАНИ И ВО ТЕТОВО И ЗА АВТОБУСКИТЕ НЕСРЕЌИ КОИ ОДНЕСОА 138 ЖИВОТИ? Одговорот треба да го даде новоформираната Анкетна комисија
Македонија

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЖАРИТЕ ВО КОЧАНИ И ВО ТЕТОВО И ЗА АВТОБУСКИТЕ НЕСРЕЌИ КОИ ОДНЕСОА 138 ЖИВОТИ? Одговорот треба да го даде новоформираната Анкетна комисија

03/12/2025

AA

 

Со 84 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, Собранието ја формираше Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии во Македонија.

„Целта е јасна: расветлување на пропустите, утврдување одговорност каде што постои и унапредување на системите што треба да ги штитат граѓаните“, објави пратеникот Бране Петрушевски по гласањето на пратениците.

Во образложението на иницијативата пратеникот Антонио Милошоски рече дека Анкетната комисија има цел неселективно да ги утврди пропустите на институциите за сите трагедии во изминатиот период во кои имаше жртви и да се спречат идни несреќи. Ќе се разгледува пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуските несреќи на „Дурмо турс“ и на „Беса транс“ вокои загинаа вкупно 138 луѓе.  Добиените наоди Комисијата понатаму ќе ги испрати до Владата и до Јавното обвинителство, за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност.

– Оваа Анкетна комисија се поднесува заради сериозноста на последиците на трагедиите кои се случија последните неколку години. Целта е да се разгледаат сите пропусти и сметам дека овие трагедии што со човечки животи ги платија недолжни луѓе имаат заеднички именител – кај сите 4 трагични несреќи се забележува сплет на пропусти на многу институции, нефункционалност на добар дел од системот и на раководители на одредени институции коишто создале една опасна замка, во која, за жал ненадоместливо имавме загуба на 138 човечки животи – рече Милошоски.

Пратеникот истакна дека е потреба неселективност за сите трагични настани со што би со дошло до објективно согледување и решавање на системските пропусти и недостатоци.

– Со изгласувањето и формирањето на една ваква Анкетна комисија ние како пратеници и како Собрание би покажале неселективност, затоа сметам дека сите овие 4 трагични настани коишто резултирале со ваква ненадоместлива штета и за семејствата и за целата држава, не треба да бидат селективно разгледувани, туку да бидат разгледувани како една целина, за да можеме со објективни согледувања да дадеме препораки за поправање на одредени системски недостатоци – рече Милошоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гоцевски открива што се подготвувало пред независноста: Форумот работел на

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Апостолски ми остави аманет – Македонија мора да работи

10/09/2026
Македонија

Се укинува пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на ново

10/09/2026
Македонија

Приведен помошникот директор на Царинската управа, си земал над 17

10/09/2026
Македонија

Врховен ја укина пресудата, Стевче Јакимовски излегува од затвор

10/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија

10/09/2026
Македонија

Помошник директор во Царина затекнат при примање обележани 17.500 евра

10/09/2026
Македонија

Бугарија запре 9,5 тони пиперки од Македонија – пронајдени зголемени

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45621
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гоцевски открива што се подготвувало пред независноста: Форумот работел на 14 клучни прашања за идната

10/09/2026

Како Македонија да се подготви за распадот на Југославија? Одговорот, според сведоштвото на првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, се

Гоцевски: Апостолски ми остави аманет – Македонија мора да работи како мравка, да се организира

10/09/2026

Првиот министер за одбрана на независна Македонија, Трајан Гоцевски, во сведоштво за 4ТВ открива детали од неговата долгогодишна соработка со

Се укинува пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на ново судење

10/09/2026

Врховниот суд ја уважи вонредната ревизија и ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје Советот за казниви дела при Врховниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy