Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!
Економија

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

02/07/2024

AA

ОКТА е без конкуренција „прва виолина во трговија на големо“, а во остра меѓусебна конкуренција се веле трговците од „новиот бран“ чии главни претставници се РКМ, „Супертрејд“ од Скопје, кавардаречка “Црна река петрол“ и виничкото чудо „Дади Оил“. „Макпетрол“ е главен во трговијата на мало, а негов најголем конкурент во малопродажба останува да биде „Лукоил“. Но со респект спрема сите големи играчи лани господар на октаните е Исмаил Јахоски односно неговата компанија „Пуцко петрол“. Освен што е крал на тендерите за нафтени деривати фирмата од Пласница е единствена кај која стапката на профит е двоцифрена од однос на приходите 

Вагони, цистерн-камиони, пумпи и милиони, ова се четирите клучни атрибути на еден од најголемите бизниси во Македонија кој лани направи обрт поголем од 4,5 милијарди евра, а приходот надминува 2,3 милијарди евра.

Да, повеќе од 2,2 милијарди евра лани плативме за дизели, бензин, автоплин, утра лесно гориво и мазут. Да и керозин , но во помали количини.

Бизнисот со нафтени деривати на големо и мало лани е за нијанса со помал обем од претходната година, 2022, која ќе остане запаметена по префиксот година на мазутот во која РКМ направи бизнис-чудо. Годината што е зад нас е многу помирна од аспект на инфлацијата и повеќе предвидлива од аспект на неизвесностите кои ги имаше во годината пред неа. И уште еден многу важен факт! Лани вкупниот увоз на нафтени деривати во земјава надмина 1,4 милијарди тони и порасна за 10 отсто во споредба со 2021 година.

Македонија, според официјалните податоци, има повеќе од 750.000 возила на моторен погон од кои над 600.000 се автомобили кои се регистрираат во патниот промет. Другото се автобуси, камиони, градежни и специјални машини и моторцикли од најразлични величини. И не се само тие. Голем дел од нашата индустрија користи фосилни горива како погонско гориво за своите производи и услуги, а годинава на сцената стапи и ладната резерва на електросистемот – ТЕЦ Неготино најголемиот потрошувач на мазут во Македонија. И на сите овие понапред набројани им треба „чорба“ односно погонско гориво за да се покренат.

Кои се господари на октаните?

Очекувано ОКТА и Макпетрол остануваат најголеми пазарни учесници на македонскиот пазар на нафтени деривати. Поранешата скопска рафинерија, а сега најголема компанија за трговија на големо – ОКТА е доминантна на тој сегмент. Нејзиниот приход лани е 800 милиони евра. Тоа е за 18 отсто помалку од претходната година. Според приходите втор е „Макпетрол“ со 492 милиони евра. И кај него има намалување на приходите и тоа е резултат на падот на малопродажните цени на нафтените деривати. Увозникот на голем, скопски „Супертрејд“ е трета најголема компанија исто како и во 2022 година. Наспроти најголемите два пазарни учесници кај него приходот книжи раст во споредба со претходната година. Лани тој достигна 214,5 милиони евра. Во групата најголеми пет се уште македонската филијала на рускиот гигант „Лукоил“ со приход од 144,4 милиони евра и виничкото бизнис чудо „Дади Оил“ (две компании од кои едната е регистрирана за трговија со горива на големо, а другата на мало) кои заедно направија консолидирани приходи од 165,3 милиони евра.

Следен на листата е кадаречкиот гигант „Црна река петрол“ со 92 милиони евра приход во 2023 година. Не чуди воопшто високиот пласман на кавадаречката компанија ако се знае дека нејзин најголем клиент е „Фени индустри“ (топилницата за никел) со нејзините придружни дејности кои се големи потрошувачи на нафтени деривати.

Во најголемиот се уште кралот на мазутот „РКМ“ фирмата која го храни со мазут државниот енергетски гигант ЕСМ и неговата мазутара ТЕЦ Неготино, а ги задоволува и потребите за мазут на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Приходот лани? Вкупно 72,6 милиони евра што е за 36 отсто послабо од претходната 2022 година.

Тука е и нафтената компанија на царот на Пласница, Исмаил Јахоски и неговата компанија Пуцко Петрол. Приходот лани е 62 милиони евра, но профитот е 6 милиони евра. Токму ова Јахоски лани го прави најуспешниот во бизнисот со октаните. Неговата профитна маржа е 10% и е единствена двоцифрена во конкуренција на најголемите. Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy