
Кои народи во ЕУ имаат најдолга работна недела?
Грците имаат најмногу работни часови во неделата во европското семејство. Во ЕУ најдолго се работи во Грција и тоа 41 час неделно, во Данска – само 35,4 часа.
Зад Грција, следува Полска со 40,4 и Романија и Бугарија со по 40,2 часа.
Најкратко се работи во Холандија, каде просечната работна седмица е 33,2 часа, по што следуваат Германија со 35,3 и Данска со 35,4 часа.
Вообичаената работна седмица за лицата на возраст од 20 до 64 години во државите членки на ЕУ во 2022 година во просек изнесувала 37,5 часа, објави денеска Европската статистичка служба – Евростат.
Бугарија според Евростат заостанува со цената за работен час во ЕУ.
foto freepik.com/benzoix