Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ – бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор
Економија

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ – бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

16/04/2024

AA

Лично тој
продавал сирења и кашкавали на тезга на Зелено пазарче, каде што работел заедно
со неговиот брат. И од тоа имало добра заработка, која потоа се инвестирала во
еден од најдобрите македонски млечни брендови „Здравје Радово“. Кога го продава,
пак, и излегува оттаму, има на располагање два до три милиони евра, кои ги
инвестира во „Кораб Трница“, млекара и ресторан. Сега тоа го работи неговиот
син, а тој работи и инвестира во градежниот бизнис.

Во новиот подкаст
на Фактор, „Бизнис муабети“, ја пренесуваме ексклузивната животна приказна и развојот на деловната активност на
познатиот македонски бизнисмен Јован Дабевски.

Сега ќе ви
откриеме само дел, а целиот разговор на познатиот водител Мишко Иванов со
Дабевски ќе можете да го проследите во петок.

„Јас од 1987 до
некаде 2002 година, значи некои 14 до 15 години, се занимавав со трговија на
млечни производи. Тоа беа едни други времиња. Отворав увозни пазари – од
Унгарија, Србија, Литванија, Молдавија, Грција, Бугарија… И еден по еден
паѓаа, како ќе успеев да го пробијам како бренд. Меѓутоа, тоа беше тогаш едно
тешко време. Се затвораа големите синџири, ако ги паметите, како што беа
Центро, Славија и други. И јас тие млечни производи, како што се сирења и
кашкавали, ги продавав на пазари, односно сам продавав на Зелено пазарче. Така
што, како ќе го отворев еден пазар, со увоз на производи од таа земја,
продажбата си одеше, потоа паѓаше брендот, влегуваа други… Тогаш во тоа време беа
многу високи царините, најмалата беше 40 отсто, па одеа нагоре… А кога
влегуваа сериозни играчи, да шверцуваат, јас се повлекував, барав нов пазар и
така натаму… Тој период беше период на падови и растови“, се потсетува Дабевски.

А на прашањето на
Иванов дали лично тој стоел на тезга и продавал, Дабевски со гордост одговара потврдно.

„Петнаесет години бев
како трговец и како продавач на зелен пазар, таму работевме заедно со брат ми.
И јас кога ја напуштив претходната компанија, успеав да имам богатство од
тогашни 200 илјади марки. Со тоа почнав да го градам ‚Здравје Радово’. Овде
правам како една паралела на секои 15 години. Кога излегов од ‚Здравје Радово’ јас имав пари во џеб некаде меѓу два или три милиони евра. И во истиот момент
сите ги реинвестирав во „Кораб Трница“.

На прашањето
колку тежи Јован Дабевски, тој вели:

„Ќе ви одговорам
директно, пред две години го дуплирав моето богатство, значи тоа сега тежи
двојно повеќе“.

Следете ги секој
петок „бизнис муабети“ само на порталот Фактор. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy