Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој се осудил да вработува нови 400 лица при катастрофално работење на  „Национални шуми“?
Економија

Кој се осудил да вработува нови 400 лица при катастрофално работење на „Национални шуми“?

22/08/2024

AA

На точно 6 милиони евра помалку приходи во однос на минатата година, претходното раководство на „Национални шуми“ одлучило да вработува уште 400 нови работници, објавено е во извештајот за годишното работење за 2023 на јавното претпријатие.

Огласот за вработување бил објавен на 21 декември, односно на истекот на минатата година, за вработување 411 нови работници и тоа на неопределено време, откако само еден ден претходно Министерството за финансии го одобрило тоа.

Иако бројот на работници во текот на минатата година се намалувал за околу 120-тина, тој сепак на крајот на годината изнесувал 1.384 вработени. На оваа бројка бил распишан оглас за 411 нови на неопределено време. Извештајот од првиот квартал на „Национални шуми“ покажува дека оваа бројка по првите три месеци од 2024 се зголемила на дури 1.700 вработени, а планот бил да достигне и до 1.878.

Ваквото превработување што заслужува „народен суд“, доколку нема закони кои тоа можат да го казнат, се случувало во ситуација на пад на продуктивноста и енормно зголемување на задолженоста. Прикажани се 403 илјади метри кубни продадена нето дрвна маса, што е за 90 илјади помалку, а се сработил само 66 отсто од планот за сеча.

Акумулирана е загуба од 7 милиони евра, а обврските што требало да се подмират и тоа на краток рок достигнале до неверојатни 15 милиони евра. Долгот кон добавувачи е зголемен за 48 отсто  Во обврските има такви долгови и за плати кон вработените, неплатени даноци, придонеси и неподмирени кредити.

На новинарско прашање, премиерот Христијан Мицкоски вчера информираше дека во Национални шуми ќе бидат исплатени над 350 милиони денари, од кои 250 милиони денари обезбедени со ребалансот на Буџетот, а останатите од сопствени средства од производство на претпријатието. Надлежните органи, вели премиерот, се веќе во друштвото да истражуваат злоупотреби. Според него, злоупотребите во Национални шуми се јасни, наспроти само 30 дрвосечачи, има 300 административни работници, од кои дел не се појавуваале на работните места.

– Мислам дека веќе има истрага за работењето на претходното раководство на компанијата. Во моментот основната дејност на Национални шуми е да се занимава со одржување на шумите. Ако ви кажам дека има само 30 сечачи тогаш сум ви кажал се’. Инаку, има таму луѓе повеќе од 300 коишто би требало да бидат секачи, но тие не се секачи, туку се административни работници. Дел од нив нормално не се ни појавувале на работните места, изјави Мицкоски.

Директорот на ЈП Национални шуми Здравко Трајанов претходно во интервју за РСЕ обвини дека претходната власт пред изборите вработила стотици луѓе на огласи за дрвосечачи, а кои сега седат во канцеларија. 

– Претпријатието буквално беше оставено на стихија, имаше неисплатени четири плати, имаше огромни долгови, имаше блокирана сметка и опасност од многу наши соработувачи да бидеме исклучени: Такви беа Макпетрол во однос на горивото, Телеком во однос на телефонските услуги, ЕВН во однос на струјата и така натаму.

Во ситуација кога претпријатието било во катастрофална состајба, менеџментот од предходниот состав се ставил во функција на политиката, наместо во функција на претпријатието. Последните огласи за вработување, условно се огласи за вработување на секачи, дотурачи, редачи на дрво и тоа околу 400 луѓе: еден оглас е за 320, другиот е за 40. Што се случува? На име на сечачи се примаат партиски структури. За само неколку дена, сите тие луѓе кои се примани како сечачи, со искучок на двајца, тројца во целата држава, добиваат работни налози да бидат во администрација. И сега, имаме ситуација кога на хартија ние имаме условно 320 сечачи, меѓутоа во пракса тоа се вработени луѓе кои се вгнездени во администрација. И сега имаме проблем со тие луѓе. Не сакат да се ги извршуват своите работни задачи. Прифатиле да бидат сечачи, еден дел дури е трагично изманипулиран. Таму се вработени шумарски инженери, шумарски техничари, се понижени да бидат учесници на тој конкурс, само и само да добијат вработување на неопределено време, рече тој на едно од прашањата.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy