Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ СЕ ДОБЛИЖИ ДО ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД КАПИТАЛОТ НА „РЖ УСЛУГИ“ – ќе успее ли зајакнатиот газда да ја спаси компанијата од зоната на загубите
Економија

КОЈ СЕ ДОБЛИЖИ ДО ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД КАПИТАЛОТ НА „РЖ УСЛУГИ“ – ќе успее ли зајакнатиот газда да ја спаси компанијата од зоната на загубите

05/12/2023

AA

Се окрупнува сопственоста во
скопската компанија „РЖ услуги“. Самото акционерско друштво вчера преку Берзата
извести дека нејзиниот мнозински акционер, Ѓорги Качурков, ја зголемил
сопственоста во компанијата и сега таа му изнесува над 24 проценти.

„РЖ УСЛУГИ Скопје ја известува
јавноста дека е настаната промена во сопственоста на акциите со право на глас.
Имено, Ѓорѓи Качурков како мнозински акционер ја зголемил сопственоста и се
стекнал со 47 800 акции,со што во во моментов поседува вкупно 24,17 проценти од главнината на акции
со право на глас во РЖ УСЛУГИ Скопје“,
се вели во објавата од компанијата до инвеститорската јавност испратена преку
Берзата.

Како што е познато, РЖ Услуги се занимава со
собирање, прочистување, призводство и дистрибуција на вода за пиење и
индустриска вода. Покрај тоа компанијата извршува и други дејности како што се
телефонски и интернет услуги, услуги за обезбедување и противпожарна заштита,
сервисирање на противпожарни апарати, производство и дистрибуција на гас,
техничко испитување и анализа, транспортни услуги, градежни услуги и др, се
вели во описот на дејноста на оваа компанија.

Според податоците
од Централниот депозитар за хартии од вредност, во моментов Ѓорги Качурков е
најголемикот акционер во РЖ услуги, и тој таму поседува за малку една
четвртина од компанијата, односно 24,17 отсто.

Веднаш после него,
со исто така солиден процент од акциите, е друштвото за енергетика „РИ
Енергоинститут ДООЕЛ Скопје“, кое поседува 16,34 отсто од акционерскиот
капитал, додека, пак, самите РЖ Услуги имаат 9,12 отсто од капиталот, што е
дозволено во услови кога некоја компанија сака да ја штити својата цена од
намалување.

Инаку, во оваа
компанија РЖ Услуги најголемиот дел од капиталот припаѓа на поситни
акционери, односно 2.825 домашни физички лица, кои поседуваат заедно 47,14 отсто
од вкупниот капиатал на компанијата.

Инаку, РЖ услуги е
компанија која тешко успева да работи позитивно, барем во последниве неколку
години, а според податоците од Берзата и од нејзините финансиски извештаи.

Па така, таа во
2020 година оствари загуба во своето работење, додека во 2021 година била
успешна и прикажала позитивен финансиски резултат. Затоа, пак, 2022
година, односно ланската, повторно ја завршува со минус, односно со загуба од
164 илјади евра.

Оваа компанија имала
загуба и за првите девет месеци од годинава, и тоа над 104 илјади евра, што е
пораст за 38 отсто во однос на загубата направена во истиот период од минатата
година.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy