Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ПЛАТИ 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 223 АКЦИИ – во блок трансакција се постигна цена од 22.500 денари по акција за „Алкалоид“
Економија

КОЈ ПЛАТИ 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 223 АКЦИИ – во блок трансакција се постигна цена од 22.500 денари по акција за „Алкалоид“

20/08/2024

AA

Иако на Берзата владее своевидно затишје и неколкудневна корекција благо надолу на најголемиот дел од акциите кои го сочинуваат Македонскиот берзански индекс МБИ 10, инвеститорите не престануваат да се интересираат за хартиите од вредност на најдобрите и најмоќните компании. И да купуваат од овие акции, бидејќи тоа е секогаш една од најдобрите инвестиции, и тоа и во поглед на остварување на дивиденди, и во поглед на поседување на квалитетна хартија од вредност како влог во иднината, но и во поглед на остварување на солидни капитални добивки доколку воопшто некогаш решат да ја продадат таа акција.

Една од акциите која постојано е во фокусот на инвеститорската јавност, секако дека е акцијата на нашиот фармацевстки гигант „Алкалоид“, која е меѓу најтргуваните, но и меѓу најрастечките акции на пазарот на капитал.

Тие акции, покрај на редовниот пазар, често се продаваат и преку бклок трансакции на Берзата, кога продажбата се врши за однапред познат купувач и по однапред договорена цена.

Инаку, вчера на Берзата преку блок трансакција биле продадени 223 акции на „Алкалоид“, по цена од 22.500 денари за акција. Или, вкупната вредност на трансакцијата е близу 82 илјади евра.

Она што треба да се спомене е дека инвеститорот што ги купил овие акции платил повисока цена од онаа по која редовно се тргувало на пазарот, а тоа е просечна цена од 22.014, колку што била остварена за акциите на „Алкалоид“ на редовниот пазар.

Кој е купувачот на акциите засега не е познато, но факт е дека компанијата секогаш известува за сите промени во сопственоста преку ценовно чувствителни информации.

Алкалоид е една од најпрофатабилните и најиновативните компании во земјава, а нејзините акции се секогаш меѓу најтргуваните на Берзата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и

17/08/2026
Македонија

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

17/08/2026
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45059
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за работа

17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот се одржа свечен

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

17/08/2026

Наместо да се врати на актерската работа во својот матичен Драмски театар во Скопје, Љутков го продолжува ангажманот во државната

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Од МВР информираат дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy