Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ НАЈМНОГУ ПРОФИТИРАШЕ, А ЧИИ ПРОФИТИ ПОРАСНАА ЗА ФАНТАСТИЧНИ ПРОЦЕНТИ – ова е сликата за македонскиот бизнис, погледнете ги добитниците
Економија

КОЈ НАЈМНОГУ ПРОФИТИРАШЕ, А ЧИИ ПРОФИТИ ПОРАСНАА ЗА ФАНТАСТИЧНИ ПРОЦЕНТИ – ова е сликата за македонскиот бизнис, погледнете ги добитниците

21/03/2024

AA

Берзата
традиционално ги објави податоците за профитите на македонските котирани
друштва, а во нив, пак, исто така традиционално, неколку компании се
издвојуваат по своите високи профити.

Фактор веќе ги има објавено поединечните податоци за нашите бизнис гиганти и за висината на
нивните профити, а овде само ќе повториме дека според својата профитабилност за
ланската година, на прво место се најде Комерцијална банка, чија нето добивка
за 2023 година тежи 58,6 милиони евра. Порастот на позитивниот финансиски
резултат кај оваа банка изнесува 65,9 проценти. Втора според добивката е уште една банка,
Стопанска банка Скопје, чии профит лани тежел 56,4 милиони евра, а во однос на
претходната 2022 година тој се зголемил за 42,1 процент. На трето место се
најде НЛБ Банка, исто така со одлиучен профит од 52,3 отсто, или регистрира
зголемување за 32,2 проценти. Со добивка од 33,8 милиони евра за ланската
година се закити „Македонски Телеком“, каде порастот е за 38,7 отсто. Одличен
профит прикажал и фармацевсткиот гигант „Алкалоид“ и тоа 25,64 милиони евра и
со зголемување од близу 8 отсто, додека, пак, нето добивка по оданочување од 24,5
милиони евра лани регистрирала скопската Цементарница УСЈЕ, каде зголемувањето
е за 46,7 проценти.

Направивме и една
друга анализа врз основа на објавените податоци на берзата за резултатите на
котираните друштва за лани, а кои пак говорат дека лани годината профитабилно
ја завршиле 68 компании, наспроти 73 во минатата година, додека, пак, во минус
односно загуба затвориле 21 акционерско друштво, наспроти 17 во претходната
година. Една фирма не објавила уште резултати, а 4 друштва се суспендирани,
исто како и една година претходно. Или, вкупно се објавени податоци за 94
котирани друштва на Македонската берза за хартии од вредност.

Анализата ја
направивме врз основа на тоа која компанија има најголем пораст на добивката
лани во однос на 2022 година.

Ако гледаме по
процентуалниот пораст на добивката, убедливо највисок е оној на Нова Стоковна
куќа од Струмица, каде порастот на добивката е за дури 1.618 проценти
, или над
десеткратно повисока од претходната 2022 година. Добивката сама по себе не е
фасцинантна и таа изнесува 257 илјади евра, но успехот е во огромниот скок во
однос на една година претходно.

А, доколку би
сакале да го прогласиме вистинскиот победник, внимание предизвикува
финансискиот резултат односно профитот на Земјоделскиот комбинат Пелагонија од
Битола. Кај ова АД нето добивбката лани се зголемила за 1.098 проценти, но она
што е уште побитно, е дека таа изнесувала лани фантастични 8,2 милиони евра.

Значи, и огромна добивка, и огромен пораст, што секако заслужува внимание од
деловниот свет во земјава.

А всушност, како
што веќе објави Фактор, најголем дел од добивката се дожи на финансиските
приходи на компанијата, кои, пак, доаѓаат од нивната фирма ќерка, Пелагонија
Енерџи ДООЕЛ.

„Финансиските приходи и нето добивката во анализираниот период се драстично
зголемени во однос на претходниот период како резултат на тоа што остварената
нето акомулирана оданочена добивка по завршна сметка  на Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Битола е исплатена
во вид на дивиденда на единствениот содружник ЗК Пелагонија ад Битола“,
објаснија од компанијата.

Всушност, ЗК „Пелагонија“ од својата фирма за производство на струја од метан успеа да наплати 8 милиони евра дивиденда. Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Битола е еден од двата повластени производители на електрична
енергија од биогас односно метан од шталското ѓубре од краварските фарми на ЗК
„Пелагонија“.

На трето место според
процентот на раст на профитот дошла РЖ Техничка контрола, каде нето добивката
се зголемила за 928 проценти, а изнесувала 417 илјади евра.

Четврта, со раст на профитот
од 630 проценти е АД Ветекс од Велес, индустриска компанија, што како раст е
позитивно, иако добивката сама по себе изнесува околу 107 илјади евра.

Со раст на добивката од 264
отсто се и Хотели Метропол, и таа достигнала 463 илјади евра, а за 221 отсто
пораснала и добивката на МЗТ Пумпи, иако изнесувала 85 илјади евра.

За 143 отсто пораснала
добивката на Реплек, што е резултат за пофалба, особено и затоа што нивниот
профит изнесувал фантастични 4,6 милиони евра.

Потоа, раст на добивката од
112 отсто има и Македонија Турист, чии профит е одличен и изнесува 1,6 милиони евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – сите возеле

13/06/2026
Македонија

Полициска акција на повеќе локации: Уапсени 12 лица поради дрога!

13/06/2026
Македонија

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото

13/06/2026
Македонија

Предлог притвор за 36-годишник: Со месеци силувал 12-годишно девојче во

13/06/2026
Македонија

Перински: Опозицијата го кочи Законот за локална самоуправа и референдумски

13/06/2026
Македонија

Перински: Автоматизираниот систем во општините ќе го намали просторот за

13/06/2026
Македонија

Богојески: Не смееме да ги казнуваме младите кои заработуваат на

13/06/2026
Македонија

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43742
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – сите возеле без возачка дозвола!

13/06/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи кои управувале возило

Полициска акција на повеќе локации: Уапсени 12 лица поради дрога!

13/06/2026

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 12 лица кај кои била

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото во кое се превезувале биле

13/06/2026

На 12.06.2026 во 23:45 часот на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy