Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ МОЖЕ ДА ДОБИЕ СУБВЕНЦИИ ЗА СТРУЈА, еве ги условите за аплицирање на повикот од Министерство за економија
Економија

КОЈ МОЖЕ ДА ДОБИЕ СУБВЕНЦИИ ЗА СТРУЈА, еве ги условите за аплицирање на повикот од Министерство за економија

15/02/2023

AA

Субвенции за електрична енергија може да добијат домаќинствата со ниски прихди од Министерството за економија и во 2023 година. Јавниот повик за мерката е објавен на веб- страната на Министерството и ќе трае до крајот на февруари. 

Обезбедени се 60 милиони денари за оваа намена, а домаќинствата ќе добијат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на
домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат.

Финансиска поддршка ќе добијат лица доколку
нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа:

– 19.000 денари за самец;

– 25.000 денари за домаќинство со два члена;

– 30.000 денари за домаќинство со три члена;

– 36.000 денари за домаќинство со четири члена;

– 43.000 денари за домаќинство со пет члена и повеќе.

Оваа мерка годинава е проширена со други социјално
ранливи категории на лица како што се корисници на правото на надоместок заради
попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана
минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување

Исто така новина е што доколку овие домаќинства
направат заштеда на електрична енергија од 10 отсто споредено со истиот период
минатата годона, тогаш ќе имаат дополнително 200 до 300 денари намалување на
сметката за електрична енергија во зависност од категоријата.

Потребни документи:

Барање за искористување на финансиска поддршка за
лицата со ниски примања кое може да се подигне во архивата на Министерството за
економија или да се обезбеди преку интернет страната на Министерството:  https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-oglas-za-finansiska-poddrska-za-potrosena-elektricna-energija-za-lica-koi-spagaat-vo-kategorijata-ranlivi-potrosuvaci-na-energija-za-2023-godina.nspx

-изјава заверена на нотар со која се потврдува дека
целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна
(образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за
економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството)

– доказ за барателот и членовите на домаќинството на барателот
во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од родени за малолетни
лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од
домаќинството);

– фотокопија од последната добиена сметка за 2022
година за потрошена електрична енергија во домаќинството;

– лицата со ниски примања во категорија самец
доставуваат изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и со
која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна
и веродостојна. Образецот на изјавата (ЗА САМЕЦ) може да се подигне во архивата
на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на
министерствот; и

– Доколку во домаќинствата се и корисник на правото на
надоместок заради попреченост; самохран родител кој не е евидентиран корисник
на гарантирана минимална помош и корисник на право на надоместок за телесно
оштетување, со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до
Министерството за економија задолжително ги доставува и следните документи

– потврда дека член на домаќинството е активен
корисник на правото на надоместок заради попреченост и/или

– потврда за развод или посмртница за другиот родител
или потврда за непознато или исчезнато лице за другиот родител и/или

– потврда дека член на домаќинството е активен
корисник на право на надоместок за телесно оштетување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ

27/10/2026
Македонија

📽️ ВНИМАТЕЛНО ЗАД ВОЛАНОТ, СНЕГ ВЕЕ НА СТРАЖА И Попова

27/10/2026
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
Македонија

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300!

27/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТИ СО ВРЕДНОСТ ОД 1 ДЕНАР СЕ НАСЛЕДЕНА ЛОША ЕВИДЕНЦИЈА

27/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ОДБИ ГАЗДА ДЕКО И СИНОТ МИХАЈЛО ЗА СВЕДОК

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46397
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ Променливо облачно време со сончеви

27/10/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северозападен правец нè очекува утре. Најсилни налети на

📽️ ВНИМАТЕЛНО ЗАД ВОЛАНОТ, СНЕГ ВЕЕ НА СТРАЖА И Попова Шапка е завеана во бело

27/10/2026

Снег вечерва паѓа во повисоките предели на западна Македонија, а најинтензивни врнежи се пријавуваат на Попова Шапка. На превојот Стража

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва лидерот на опозицијата

27/10/2026

Антонио Милошоски го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy