Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој ги гради фабриките за странските инвеститори во технолошките зони во Македонија?
Економија

Кој ги гради фабриките за странските инвеститори во технолошките зони во Македонија?

18/06/2024

AA

Зоран Кондратенко и Оливер Костовски, сопствениците на компанијата Енерго Систем, влегуваат во бизнисот со изградба на фабрики во слободните индустриски зони за странските инвеститори, а на крајот останува да се види дали тоа ќе им донесе добра заработка.

Едната фабрика двајцата партнери ќе ја градат во зоната Скопје 2 преку нивната фирма Енерго Систем Инсталации, а другата во Штип заедно со Стентон Градба преку конзорциумот Кес Пропертис кој е основан од Енерго Систем и битолската градежна компанија.

Двете одлуки за давање под закуп на локации во индустриските зони „за закупецот на земјиште кој ќе гради објект за потреби на иден корисник“ се одобрени на претходни седници на владата. Одлуката за Енерго Систем Инсталации е донесена на 24 април, а таа за Кес Пропертис е донесена лани на 20 март, само неколку месеци откако е формиран конзорциумот. Не е експлицитно кажано кој потоа ќе ги купи овие фабрики, иако може да се претпостави според најавите за инвестирање.

Експертите кои што ги контактиравме ни рекоа дека од правна смисла може да му се даде земјиште под закуп во индустриските зони прво на фирмата што ќе ја изгради фабриката, а потоа таа треба да му ја продаде фабриката на странскиот инвеститор и да го отстапи плацот за користење. На тој начин, велат тие, прописите потоа им овозможуваат уште подобар пристап до државните субвенции на странските инвеститори, доколку власта „го избере градителот на нивниот индустрискиот објект“.

Енерго Систем Инсталации и Кес Проперти се фирми кои се наоѓаат на блиска адреса во Кисела Вода. Енерго Систем Инсталации е формирана во 2010, но во текот на минатата година, а ниту ни претходните, немала никакви финансиски активности. Имала само 1,1 милиони денари приходи и загуба од 6.000 евра. Кес Пропертис имал приходи од 50.000 евра и направени трошоци од 210.000 евра во 2023. Дека започнала инвестицијата и работата „на терен“ покажува направеното финансиско задолжување од 8,57 милиони евра минатата година, според податоците од централниот регистар.

Инаку Енерго Систем, најпознатата компанија на Кондратенко и Костовски, се сопственици на уште една новоформирана фирма со слична дејност за „изградба и управување со недвижности“. Станува збор за Индустриал Пропертис, во која сопственик е и битолската Стентон Градба.

Најпознат градител на фабрики за странските инвеститори во индустриските зони низ Македонија е АИМ, компанијата на Рајес Леменс, почесен конзул на Македонија во Антверпен, Белгија.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се

15/10/2026

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите, а

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy