Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ Е ВСУШНОСТ НОВИОТ АКЦИОНЕР ВО „РЕПЛЕК“ – „Биотек“ додатно зајакна од ковид тестирањето, лани отвори и поликлиника
Економија

КОЈ Е ВСУШНОСТ НОВИОТ АКЦИОНЕР ВО „РЕПЛЕК“ – „Биотек“ додатно зајакна од ковид тестирањето, лани отвори и поликлиника

07/09/2023

AA

Досегашната акционерска структира на
домашната фармацевтска компанија „Реплек“ беше подолг период иста, во смисла на
тоа кои беа главните акционери, но вчера на Берзата се појави информација која
покажа влез на еден сосема нов акционер во тоа акционерско друштво.

Имено, „Реплек“ преку ценовно чувствителна
информација обзнани дека во нивната акционерска структура влегува нов играч, а тоа е амбициозната приватна компанија „Биотек“, која на овдешната јавност и
стана особено позната откако спроведуваше ковид тестирање во својот синџир
лаборатории во главниот град на државава.

Пред неколку дена преку блок трансакција
„Биотек“ достигна 6,3 отсто од капиталот на „Реплек“, што е сосема солиден
процент, откако за 1.115 акции плати 1,23 милиони евра. Можеби „Биотек’ и
претходно имале акции во „Реплек“, но акционерскиот пакет во некоја компанија
излегува на виделина само ако надмине пет отсто од капиталот, состојба која
мора да се регистрира на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Кој е новиот акционер на „Реплек“, покрај
досегашните Душан Пецовски, кој е и претседател на Управниот одбор, и е најголем акционер со 11,98 отсто од акциите,
потоа  н
еговиот брат Владимир
Пецовски
со 6,19 отсто од акциите, Славица
Туџарова-Трајковска,
која досега беше втор по големина акционер, со 10,46
отсто од акциите, но откко продаде значаен дел од своите акции
 сега ќе има 3,04 проценти,
потоа
„Настел“
на Зоран Азманов со 9,38 проценти, Сава Пензиски фонд со
6,4 отсто, како и трговската Ситко Антонио, која контролира 6,13
отсто од капиталот на фармацевтското акционерско друштво.

„Биотек“ е позната по својот синџир на лаборатории, кои, заедно со другите
„колеги“ од индустријата, направија милионски профити тестирајќи ги граѓаните
на ковид вирусот, за што наплатуваа солиднии суми, во време кога јавното
здравство не можеше да обезбеди доволно тестови.

Во декември лани, пак, Биотек групацијата ја прошири својата палета на
услуги, отворајќи и нова Поликлиника Биотек, во центарот на Скопје. Поликлиниката,
како што тогаш беше соопштено за медиумите, работи со дејностите педијатрија, гинекологија, интерна медицина,
трудова медицина и трансфузиона медицина. Како
дел од лекарскиот тим, пак, беа наведени Татјана Баевска Вучковиќ, специјалист
п
едијатар – пулмоалерголог, Катерина
Василева Димовска
, специјалист педијатар, Ирена Андонова,
специјалист по гинекологија и акушерство, Зоран Михајловски,
специјалист по интерна медицина, специјалист по семејна медицина, Вељо
Калајџиски
, примариус-специјалист по трудова медицина, како
и Емилија Велкова, специјалист по
трансфузиона медицина.

Инаку, компанијата Биотек е
основана 1999-тата година со основна дејност работа со медицински потрошен
материјал и опрема за клинички и индустриски сектор. Во 2015
година Биотек го прошири
своето работење и отвори ланец лаборатории во Скопје. Лани
беше најавено и дека во тек е отворањето на прва приватна генетска лабораторија во
Македонија.

Фактор годинава спроведе истражување базирано на податоците за пртиходите и профитите на најголемите лаборатории во 2022 година, врз база на податоците од Централниот регистер. Тие покажаа дека Биотек бил во групата веледрогерии и лаборатории со приходи од над 10 милиони евра.

Или, лани Биотек имал приходи од 11,5 милиони евра и добивка од 1,4 милиони евра.

И претходната година спроведовме истражување за најголемите лаборатории во
2021 голдина, токму во времето на најстрашната ковид криза, а тоа покажа дека најпрофитабилните три лаборатории се воедно и најголеми по остварен приход од продажба на услуги. 

Инаку, „Биотек“ во 2021 година се најде на второ место, иако таа компанија покажа најголем раст на приходите од лабораториски услуги. Или, тие наплатиле 6,1 милиони евра, што е за 2,2 пати повеќе од 2020 година. Добивката во 2021 во споредба со претходната споредбена година пораснала за еден милион евра и  достигнала 2,6 милиони евра.

Агрегатот од добивката на трите лаборатории во
2021 година изнесувал 
6,8 милиони евра или речиси двојно
повеќе од 2020 година,
што значи дека н
ајголемите приватни лаборатории ја зајакнале својата пазарна
позиција во услови на пандемијата предизвикана од корона вирусот. Односно, лабораториите во 2021 ги зголемиле приходите за 70 отсто во споредба со претходната 2020 година, а
нашето истражување покажа дека и во 2021 година доминирале 
„Авицена“ и „Биотек“,
иако, за
разлика
од 2020 година, во 
големата тројка лаборатории се приклучил и „Никоб“. 

Ова е табелата која говори за приходите и профитот на Биотек во последните две години.

Тоа значи дека лани Биотек има многу значајно, речиси двојно зголемување на приходите во однос на претходната година, но затоа се регистрира извесно намалување на добивката.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АПЕЛ ОД „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“: Граѓаните да не го користат

23/06/2026
Македонија

ЧАВУШОГЛУ ОД СКОПЈЕ: Нечуено е ЕУ да бара од Македонците

23/06/2026
Македонија

Мицкоски ги информирал партнерите во НАТО: Со протекување на дипломатска

23/06/2026
Македонија

ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД: Скопскиот затвор ја зајакнува безбедноста со четири

23/06/2026
Македонија

Јаневска: Земјоделското училиште во Битола остана со само три запишани

23/06/2026
Македонија

Мицкоски и Ѓорѓиевски се простуваат од градоначалникот на општина Брвеница,

23/06/2026
Македонија

Силно невреме во Неготино и Демир Капија, се движи кон

23/06/2026
Македонија

Заврши првата сезона од „Ноќно студио“

23/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43907
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АПЕЛ ОД „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“: Граѓаните да не го користат канализациониот систем како депонија

23/06/2026

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје упати итен апел до жителите на главниот град за одговорно и совесно однесување

ЧАВУШОГЛУ ОД СКОПЈЕ: Нечуено е ЕУ да бара од Македонците да прифатат дека не се

23/06/2026

Дополнителните условувања наметнати врз Македонија надвор од преговарачките поглавја се нефер, сурови и спротивни на основните европски вредности. Ова на

Мицкоски ги информирал партнерите во НАТО: Со протекување на дипломатска нота во Бугарија, загрозена е

23/06/2026

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ги информирал партнерите во НАТО за сериозен дипломатски преседан во Бугарија, откако на социјалните мрежи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy