Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈА КОМПАНИЈА ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КАМАТИ И ДИВИДЕНДИ? Не е банка, но половина од добивката е од финансиски приходи
Економија

КОЈА КОМПАНИЈА ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КАМАТИ И ДИВИДЕНДИ? Не е банка, но половина од добивката е од финансиски приходи

04/03/2025

AA

И во 2024 година како и неколку години претходно финансиските приходи од камати и дивиденди креираат половина од вкупната добивка на „Македонијатурист“. Токму зголемувањето на добивката од дејноста преку враќање во фукција или зголемување на искористеноста на хотелските капацитети е најголем предизвик за новите големи акционери во „Македонијатурист“

Најголемата хотелиерска компанија во земјава „Македонијатурист“ лани заработи 1,5 милиони евра од дивиденди и од камати на нејзините вложувања. Вкупната нето добивка на „Македонијатурист“ лани е 2,8 милиони евра, а 1,3 милиони евра се оданочена добивка од дејноста,покажуваат официјалните податоци од неревидираните финансиски извештаи за 2024 година.

Најголемата хотелиерска компанија и лани го задржува приматот на една од најдобрите инвеститори. Нивниот биланс на состојба покажува дека вложувањата во хартии од вредност (акции, удели и обврзници) вредат 32 милиони евра на крајот на 2024 година. Значајно е тоа што вредноста на вложувањата во хартии од вредност е зголемена за 60 отсто лани во споредба со претходната споредбена 2023 година. А тоа во најголема мерка е резултат на растот на пазарната цена на акциите на „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“. Овие се премиум македонски акции кои “Македонијатурист“ подолго време ги има во својот инвестициски портфељ.

Што се однесува до резултатите од работењето бројките покажуваат дека од дејностите хотелиерство и угостителство „Македонијатурист“ лани инкасирала 6,6 милиони евра. Во споредба со претходната споредбена година приходите од дејноста се зголемени за 19 отсто. Истовремено оперативните расходи на компанијата изнесуваат 5,25 милиони евра и во споредба со 2023 година се зголемени за само 7 отсто.
Најголемата расходна ставка се трошоците за вработените и тие изнесуваат 1,8 милиони евра и се за 14 отсто повисоки од претходната година. Оперативната добивка на компанијата лани изнесува 1,57 милиони евра. Таа е удвоена во споредба со 2023 годна и тоа е комбинација од раст на приходите и одржување на расходите на исто ниво како и претходната споредбена година.

Данокот на добивка во 2024 година изнесува 232.000 евра.

Од билансот на состојба евидентно е ниското ниво на обврски на „Македонијатурист“: Тековните обврски изнесуваат 1,13 милиони евра и во однос на претходната година бележи раст од 12 отсто. Компанијата нема обврски по краткорочни ниту по основ на долгорочни кредити. Што се однесува до вредноста на вкупните средства половина од нив сочинува сметководствената евиденција на вложувањата во хартии од вредност.

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата

04/09/2026
Македонија

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026
Македонија

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за

04/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова додели „Инженерски прстен“ на најуспешните 14 млади инженери

04/09/2026
Македонија

Мостот на Маркова Река повторно целосно отворен за сообраќај од

04/09/2026
Македонија

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на

04/09/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување, лихварство и перење пари во

04/09/2026
Македонија

Брзата интервенција спречи пожарот кај Националниот парк Маврово да се

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45465
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата пресметка: Институциите најавуваат нови мерки

04/09/2026

Тринаесетгодишно момче избодено со нож во пределот на срцето се наоѓа во стабилна, но и понатаму животнозагрозувачка состојба. Лекарите будно

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026

На ден 04.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни,

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за учество во нејзината обнова

04/09/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на официјалната посета на Украина оствари средба со својот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy