Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клучниот далековод кон Албанија, за кој добивме 12 милиони евра грант, е заглавен 10 години
Македонија

Клучниот далековод кон Албанија, за кој добивме 12 милиони евра грант, е заглавен 10 години

07/09/2025

AA

Проектот од највисоко стратешко значење за енергетската стабилност на Македонија и поврзувањето со регионот – изградбата на 400-киловолтниот далековод кон Албанија – е во целосен застој и бележи слаба реализација иако е започнат уште во 2015 година, открива алармантниот извештај на Државниот завод за ревизија.

Станува збор за интерконективниот далековод Битола-Елбасан, проект кој ревизорите го опишуваат како клучен последен дел од енергетскиот Коридор 8. Неговото значење е потврдено и од Енергетската заедница, која го ставила на прво место на својата листа на проекти од значење (т.н. PECI листа).

Покрај стратешката важност, за овој проект Македонија го добила и првиот инвестициски

грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во износ од 12.000.000 евра.

И покрај сето ова, ревизорите констатирале дека постои сериозен застој во неговата имплементација.

„Со извршената ревизија констатиравме дека има застој на овој проект и слаба реализација кои имаат влијание и врз развојот на регионалната енергетска структура, енергетската безбедност на земјата како и стабилност на електричната мрежа“, се вели во извештајот на ДЗР.

Деценискиот неуспех да се комплетира оваа клучна врска, заклучуваат ревизорите, претставува сериозна пречка за зголемување на капацитетите за пренос на струја низ регионот и ја поткопува енергетската сигурност на државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy