Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клиниката за онкологија апелира за смиреност и доверба: По отворањето на случајот „Онкологија“ воведени драстични промени во третманот на пациентите
Македонија

Клиниката за онкологија апелира за смиреност и доверба: По отворањето на случајот „Онкологија“ воведени драстични промени во третманот на пациентите

23/05/2025

AA

По поднесените обвиненија од Основното јавно обвинителство за предметот „Онкологија“, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје денеска излезе со апел до пациентите и јавноста, повикувајќи на смиреност, сталоженост и доверба во работата на клиниката.

„На нашата клиника се воведени драстични промени во работата со цел стандардизирање на третманот на пациентите. Секој случај сега се разгледува на редовни онколошки конзилиуми, каде одлуките се носат врз основа на современи протоколи прифатени од меѓународни стручни здруженија“, информираат од Клиниката, нагласувајќи дека персоналот макотрпно работи во интерес на здравјето и благосостојбата на пациентите.

Апелот следува еден ден по соопштението на обвинителството, кое објави дека предметот „Онкологија“ е поделен на два дела – првиот поврзан со економското работење на клиниката и вториот со третманот на пациентите. Обвинети се поранешниот медицински директор и организацискиот директор за злоупотреба на службена положба, како и четворица онколози за пропусти во лекувањето.

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска соопшти дека е поднесен и предлог за притвор за двајцата директори, кој сега е предмет на одлучување на Основниот кривичен суд – Скопје.

Од Клиниката уверуваат дека случајот се третира со најголема сериозност и дека се преземаат сите мерки за да се врати довербата кај пациентите и јавноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy