Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ – сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор
Економија

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ – сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

17/10/2024

AA

Успешен во бизнисот, а претходно успешен и во раководењето со Дирекцијата за слободните индустриски зони, на која дојде директно од САД, каде што претходно живеел и работел 18 години. Првично го прифаќа предизвикот да и помогне на државата на економски план, но се уште е тука, успешно менаџирајќи ја „Костал Македонија“, каде што е генерален директор, но ја има и позицијата претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. Има многу што паметно и интерсно да се слушне од Виктор Мизо, прв човек на „Костал Македонија“, само за поткастот Бизнис Муабети на Фактор. 

Откриваме дел од разговорот, а утре ќе можете да го погледнете целиот поткаст. 

„Костал е германска фамилијарна компанија, која има традиција од 112 години откако е формирана. Четврта генерација, сопственикот Андреас Костал ја води компанијата. Компанијата има годишен обрт од околу четири милијарди евра. Најголем дел, околу 85 отсто од обртот е во автомобилската индустрија, но прави и индустриска електроника, прави и системи кои се поврзани со обновливи извори на енергија, а минатата година купивме германска компанија која произведува полначи за електрични возила и ги пласира своите производи во Централна Европа. Имаме 20.000 вработени, на пет континенти, во над 40 држави“, вели Мизо.

Автомобилската индустрија не е индустрија каде што има големи профитни маргини. Дури и профитна маргина од 5 до 6 проценти не е лесно остварлива, посебно во последниве шест до седум години на многу турбулентни времиња во светот, не само во нашата индустрија, туку геополитички, геостратешки и здравствени кризи кои ги имавме. 

Она што ние го произведуваме е пред се за премиум брендови на автомобилски возила, дури и од Охрид клиенти ни се Порше, БМВ, Мерцедес, Јагуар, Ленд Ровер и слично. Правиме комплексни мехатронски производи, но и енергетска електроника за плагини и хибридни возила. 

Пред да го почнам политичкиот ангажман, крај на 2006, почеток на 2007 година, претходно 18 години живеев во Америка, таму и завршив високо образование. Јас сим инженер, кој и претходно има работено во автомобилската индустрија. 

На прашањето на водителот Мишко Иванов дали се кае што се вратил во Македонија, Мизо вели:

„Искрено, мене ми беше некаков предизвик кога ми беше понудена работата да помогнам во економскиот развој на државата и привлекување на странски инвестиции. 

Иванов вели „Сигурно сте ги слушале муабетите дека сте ја искористиле тогашната позиција Директор на дирекцијата слободни зони за да ја добиете позицијата прв човек на „Костал Македонија“, на што Виктор Мизо возвраќа „Дали вие мислите дека странските компании така ги земаат луѓето?“, и доидава „Кога се смени власта, јас останав на работа уште два месеци без проблем, но тогаш јас директно на тогашниот премиер Заев му ја поднесов мојата оставка….“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

11 ОКТОМВРИ НЕКА НЀ ПОТСЕТУВА ДА ЈА ЧУВАМЕ СЛОБОДАТА Честитка

11/10/2026
Македонија

ПУКНА ПРВАТА СДСМОВСКА ПУШКА ВО ПРИЛЕП Филипчевци маршираа на Денот

11/10/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ВРНЕЛО ВО ПРЕТОР И ВО ОХРИД Најниска температура измерена

11/10/2026
Македонија

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Најстрого е забрането

11/10/2026
Македонија

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН ДРЖАВАТА КАКО КОН ЗАЕДНИЧКИ

11/10/2026
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46104
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

11 ОКТОМВРИ НЕКА НЀ ПОТСЕТУВА ДА ЈА ЧУВАМЕ СЛОБОДАТА Честитка од Мицкоски за празникот

11/10/2026

Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме

ПУКНА ПРВАТА СДСМОВСКА ПУШКА ВО ПРИЛЕП Филипчевци маршираа на Денот на народното востание против …

11/10/2026

Ден пред празникот 11 Октомври, Денот на народното востание, СДСМ одржа марш во Прилеп. – Борбата за Македонија денес е

НАЈМНОГУ ВРНЕЛО ВО ПРЕТОР И ВО ОХРИД Најниска температура измерена на Шапка и во Берово

11/10/2026

За изминатите 24 часа до 8 часот утрово најголема количина врнежи е измерена во Претор – 13 л/м2. Следат Охрид

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy