
Каталонското чудо не застанува: Жирона го сруши Атлетико со гол во 91. минута (ВИДЕО)
Во спектакуларен меч, вечерва оваа екипа го победи Атлетико Мадрид со 4-3 и остана залепена до Реал со 48 бода, на делба на првата позиција на табелата. Натпреварот на Монтиливи беше одлучен во 91. минута кога Мартин од навидум безизлезна ситуација шутираше и ја погоди мрежата на Облак.
Претходно, Жирона водеше со 3-1, но Алваро Мората со хет-трик му донесе израмнување на Атлетико по десетина минути игра во второто полувреме. Пет од седумте гола на мечот беа постигнати во првите 45 минути кои беа можеби најдобри оваа сезона во Ла Лига.

