Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Касами вели дека нема да гласаат за уставните измени се додека не се отстрани формулацијата 20%!
Македонија

Касами вели дека нема да гласаат за уставните измени се додека не се отстрани формулацијата 20%!

01/10/2023

AA

Сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на БЕСА нема да ги гласаат уставните измени, вели влидерот на движењето Биљал Касами.

Во интервју за РСЕ, Касам вели дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ и за претстојните претседателски избори најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт.

Прашан за уставните измени и зошто БЕСА не учествуваше со свој кандидат во Работната група за уставните измени, Касами рече дека очекувале дека Владата ќе биде поразумна и дека „сѐ додека владата не гледа интерес да го слушне нашиот глас, нема да гласаме за уставните измени. Нашата позиција е јасна“.

– Ние сме недвосмислено за уставните измени, бидејќи тоа го убрзува нашиот пат кон ЕУ. Но Владата покажа уште еднаш дека не е заинтересирана да ги турка напред уставните измени, отколку што е заинтересирана да ги преживее и последните денови и да го тера мандатот до крај. Зошто? Ние како движење пуштивме формално барање, но и заеднички став на албанската опозиција е дека во делот на уставните измени треба да влезе и промена на формулацијата на албанскиот јазик од „јазикот што го зборуваат 20 посто од граѓаните“ на формулацијата „албански јазик“. Владата не чувствува ни најмала одговорност тоа да го стави во процедура без да има обврска во Собранието да ни ги обезбеди гласовите, појасни Касами, во интервју за Радио слободна Европа.

Според Касами, сѐ додека ДУИ и Алијанса за Албанците не гледаат потреба да го отворат ова прашање за да видиме дали има или нема услови за да, како што вели, знаеме и ние со кого да разговараме во иднина.

Прашан, дали бил на судското рочиште на 15 септември за пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово на 11 август, Касами одговара дека не бил, бидејќи не бил тука, но и дека според него, тоа било повеќе политички мотивирана процедура.

– Не. Прво затоа што не бев тука, второ затоа што ценам дека тоа беше повеќе политички мотивирана целата процедура поради тоа што ДУИ и Ахмети на власт се чувствуваат загрозени од целата ситуација која се создаде и влијанијата кои ги имаат во правниот систем наметнаа да се случат тие работи. Повеќе, затоа што во делот на протоколот беше нели од владата организиран и пречекот и сите тие работи, но и во Тетово сите знаат дека во јавните места беше и државното знаме и знамето на Република Косово и на пречекот кај мене во Општината. Така да, секогаш кога власта сака нешто да покрене, секогаш може да најде нешто за да покрене некои процедури, но цениме дека правниот систем, правосудството, обвинителство имаат многу поважни теми отколку да се занимаваат со тоа дали градоначалникот на Тетово во одреден момент направил некој пропуст или не, вели Касами.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44956
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може без Албанците“

11/08/2026

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за РТВ21 отвори можност за свое повлекување од политичката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy