Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Касами: Не само грбот туку и химната треба да се измени и треба вклучување на албанскиот јазик во Уставот
Македонија

Касами: Не само грбот туку и химната треба да се измени и треба вклучување на албанскиот јазик во Уставот

13/02/2025

AA

Партијата ВРЕДИ најавува дека во претстојните разговори со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се отвори прашањето не само за промена на државниот грб, туку и за измена на химната и вклучување на албанскиот јазик во Уставот. Ова денеска го истакна лидерот на ВРЕДИ, Биљал Касами, кој потенцираше дека тоа се европски вредности, во кои влегува и унапредувањето на албанскиот јазик.

– Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. „Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во уставот, како јазик на 20 отсто“. – Касами.

Од друга страна, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изрази резервираност кон идејата за промена на државниот грб, оценувајќи дека тој ја отсликува државата во целост. Дополнително, тој постави прашање дали евентуалниот пакет преговори би вклучувал и промена на химната, како и други барања на кои, според него, СДСМ не би дало поддршка.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека темата за промената на грбот не е нова и дека постои уште од времето кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа заедно во владата. Сепак, тој не прецизираше дали во тековните разговори навистина ќе се отвори и прашањето за химната и унапредувањето на албанскиот јазик, како што најавува ВРЕДИ.

Останува да се види дали овие прашања ќе бидат дел од пошироката политичка дебата во пресрет на локалните избори, со оглед на тоа што во партиските кругови веќе се спроведуваат анкети за можните кандидати за градоначалници и советници. Во тој контекст, Филипче на денешниот брифинг најави дека на почетокот на март СДСМ ќе излезе со првични информации за кандидатите, а не ја исклучи можноста за коалиции со ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини доколку се постигне договор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026

Жителите на Скопје во сабота, 5 септември, треба да очекуваат авионска дезинсекција против ларви од комарци, информираат од Град Скопје.

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026

Австралија ги предупредува своите граѓани кои планираат патување во Македонија да преземат дополнителни мерки за заштита од комарци поради регистрираните

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското Езеро

02/09/2026

На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy