Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради
Економија

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

16/04/2024

AA

Градежниците
повторно ги насочија своите сили и фокус на скопската општина Карпош, каде во
следниот период треба да никнат најмногу нови станбени објекти, ако се остварат
сите одобренија за градба издадени во февруари оваа година.

Бројките
покажуваат дека токму во февруари има раст на одобренијата, по неколку месечно
намалување на бројот на одобренијата за градба. Па така, во план е да се
изградат 387 објекти, бидејќи се издадени толку одобренија за градење, што е за
9,9 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 171 се за
објекти од високоградба, 119 нискоградба и 97 за реконструкција.

Вообичаено за Скопскиот
регион има најмногу издадени одобренија, 123, по што следува Југоисточниот со
57 и Полошкиот регион со 56 одобренија.

Сепак, убедиво
најмногу станови ќе бидат изградени во скопската општина Карпош, каде треба да се реализираат дури 537 нови станови. Од останатите скопски општина, но со далеку
помалку станови, како плодни инвеститорите ги нашле Центар со 37 станови и
Ѓорче Петров со 13 станови.

Познат факт е
дека Скопје долг период важи за најпримамлива дестинација за градење, иако во
последните години масовно со гради и во западна Македонија, особено во Охрид,
но Гостивар и Тетово.

Бројките,
согласно одобренијата за градба покажуваат дека во последниве шест месеци меѓу
најпримамливите градови или општини за градба биле: Охрид, Битола и Скопје.

Па така, ако се
погледнат деталите од одобренијата за градба кои ги објавува Државниот завод
за статистика, ќе се види дека во јануари на пример најмногу од новопланираните станови ќе
се градат во Охрид. Таму инвеститорите планираат да изградат 150 станови во следните месеци. Но,
високо на листата во јануари конкурира и Битола, каде во план биле 112 нови
станови.  

Месец претходно,
или на крајот на 2022 година, според одобренијата за градба најголем интерес имало
за Кочани, каде ќе никнат 102 нови станови, по што следува Штип со 63 станови
кои треба да бидат изградени.

Во ноември,
слично како и јануари, најмногу станови согласно одобренијата е во план да се градат во нашиот туристички
бисер Охрид, каде треба да бидат изградени 140 станови. Веднаш зад него е Битола каде планирано
е да се изградат 131 стан, а за два помалку ќе треба да никнат во Струмица или 129 станови.

Во октомври
согласно одобренијата побарано и одобрено било да се изградат вкупно 790 станови, од кои најголем дел
ќе никнат во Кавадарци, 206 станови, по што следува скопската општина Гази Баба каде ќе се изградат 194 станови.

Што се однесува
пак до месец септември, согласно плановите ќе треба да се изградат 773 станови,
од кои најмногу во скопската општина Гази Баба, каде треба да никнат 197
станови, а зад нив следи Струмица, каде пак ќе се градат 140 станови.

П. О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се

15/10/2026

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите, а

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy