Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кандидат за градоначалник со маска од диносаурус кај Вардариште: Од метанот од депонијата да произведуваме струја
Македонија

Кандидат за градоначалник со маска од диносаурус кај Вардариште: Од метанот од депонијата да произведуваме струја

04/09/2025

AA

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, порача денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од граѓанската платформа „Независни заедно“, проф. Горан Марковски, носејќи маска од диносаурус на прес-конференција одржана во близина на депонијата „Вардариште“ која сè уште гори. Тој предложи стручно решение за депонијата – искористување на метанот кој се ослободува од ѓубрето за производство на електрична енергија.

„Во ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар“, објасни Марковски. Тој посочи дека постојат веќе применети методи на над 200 локации во Европа за собирање на метанот преку цевки, кој потоа може да се искористи за производство на струја. „Постои можност оваа енергија којашто денес ни создава проблем да ја искористиме и за производство на електрична енергија. Само треба знаење, одговорност и секако независност“, рече Марковски.

Јана Белчева-Андреевска, носителка на советничката листа на „Независни заедно“, дополни дека постојат многу стручни насоки кои досега биле игнорирани. Таа предложи модерен и реален план за обезбедување на локацијата, кој вклучува затворање на просторот за диво депонирање, воведување на 24/7 периметарска контрола со видео-аналитика и препознавање на регистарски таблички, како и употреба на термални камери и дронови за откривање на нови жаришта и истурања уште во зародиш.

Овие предлози доаѓаат во време кога пожарот на „Вардариште“, кој избувна на 31 август, сè уште е активен и го загадува градот. Револтираните жители на Аеродром најавија дека ќе продолжат со секојдневните протести и блокади на раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ во 18 часот. Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство вчера побара притвор за три лица осомничени дека се одговорни за пожарот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
Македонија

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026
Македонија

Сончево и топло до петок, потоа следува значително заладување

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45585
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота ќе започне да функционира и на подрачјето на СВР Велес, со што

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026

Пет пожари на отворен простор и натаму се активни низ земјава, додека четири се ставени под контрола, покажуваат најновите податоци

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy