Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како вештачката интелигенција влијае врз екологијата?
Магазин

Како вештачката интелигенција влијае врз екологијата?

15/11/2024

AA

Поради зголеменото присуство на „чет-ботови“ покренати со вештачка интелигенција и разните различни модели на ВИ во секојдневието, се покренуваат и прашањата за нивното влијание врз животната средина, особено сега кога оваа технологија се интегрира во работните текови во различни полиња, пишува хрвастки „Јутарњи лист“.

Во таа смисла, јаглеродниот отпечаток на големите ВИ-модели, како што е „Чет-ГПТ-3“ привлекоа внимание кај јавноста, па на пр., критичното прашање за потрошувачка на чиста свежа вода за ладење на опремата на центарот за податоци, станува причина за загриженост во услови на недостиг на вода. Според познавачите, сѐ тоа е сѐ уште релативно недоволно проучено.

Универзитетот на Риверсајд во Калифорнија (САД) неодамна објави истражување, засновано на податоци обезбедени од „Опен-АИ“ во 2020 година, под наслов „Направете ја вештачката интелигенција помалку ‘жедна’: Откривање и решавање на тајниот воден отпечаток на моделите со вештачка интелигенција“. Податоците покажаа дека „ГПТ-3“ троши 500 мл за приближно 10 – 50 одговори, со просторни и временски варијации.

Испитувањата посочуваат и дека за учењето на „ГПТ-3“ во центрите за податоци на „Мајкрософт“ во САД потребно е вкупно 5,4 милиони литри вода – бројки коишто, според истражувачите, може да се зголемат за посовремениот „ГПТ-4“.

Напис на „Тајмс“, пак, го цитира Шаолеј Рен – професор и инженер на Универзитетот во Калифорнија и дел од тимот академици вклучени во истражувањето во 2023 година, кој, се чини, прикажува и полошо сценарио. Според проф. Рен, извештајот на „Мајкрософт“ од септември посочуваат дека потрошувачката на питка вода е далеку поголема од претходно проценетата (половина литар за 10 – 50 прашања). Бројките може да бидат до четирипати поголем. Тоа ја чини сè поитна потребата за оптимизација на ВИ-моделите и алгоритмите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од

03/09/2026
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
Македонија

Македонската економија забрза во вториот квартал: БДП порасна 4,3 отсто

03/09/2026
Македонија

Петмина приведени во Велес: Пронајдени оружје, муниција и дивеч од

03/09/2026
Македонија

Солзи радосници на ГАК: Малата Бисера по 82 дена замина

03/09/2026
Македонија

Личната карта и возачката дозвола наскоро во телефон: Во октомври

03/09/2026
Македонија

Кошаркарски тренер од Охрид е жртвата во стравичната несреќа на

03/09/2026
Македонија

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е стабилно, но

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45433
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од југоисточна Македонија

03/09/2026

Бран од нестабилно време попладнево захвати неколку региони во југоисточниот дел од земјата. Најпогодени се Струмичкиот, Валандовскиот и Дојранскиот регион,

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги продава

03/09/2026

Трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама Резиденс“ на Водно повторно се најдоа на продажба, но овојпат по значително пониски цени.

Македонската економија забрза во вториот квартал: БДП порасна 4,3 отсто

03/09/2026

Македонската економија во вториот квартал од 2026 година забележала значително забрзување, со реален раст на БДП од 4,3 отсто, покажуваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy