Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО ТОПЛАНАТА СКОПЈЕ СЕВЕР ЗАВРШИ СО ЗАГУБА ОД НАД 320 ИЛЈАДИ ЕВРА – парно пушти прва од сите, ама потоа работата некаде „замрзна“
Економија

КАКО ТОПЛАНАТА СКОПЈЕ СЕВЕР ЗАВРШИ СО ЗАГУБА ОД НАД 320 ИЛЈАДИ ЕВРА – парно пушти прва од сите, ама потоа работата некаде „замрзна“

12/07/2023

AA

Минатата
година беше еден од медиумски најекспонираните енергетски капацитети во
земјава. Во екот на најголемата енергетска криза беше прва која пушти парно за
своите корисници, но набргу потоа парното им секна на околу 500 домаќинства, па
тие беа принудени да се мрзнат во студени денови, се додека државата не го реши
проблемот.

Станува
збор за Топланата Скопје Север, која деновиве ги објави своите финансиски
резултати преку Берзата, на што е обврзана, бидејќи е акционерско друштво.

Финансискиот
извештај на оваа по многу нешта специфична компанија говори дека таа лани била
загубар, односно деловната година ја завршила со захгуба од 321 илјади евра.

Бројките
што ги објави Топланата Скопје север потпишани од директорот Куштрим Рамадани се
прилично малку, тие говорат за приходите и за финансискиот резултат што го
остварила оваа фирма.

Финансиските
извештаи говорат дека Топланата Скопје минатата година имала вкупно приходи од
933 илјади евра, што е солидна бројка. Сепак, нејзините расходи ги надминале
приливите, па компанијата влегла во загуба од 321 евра.

Минатата
година беше позната по тоа што енергенсот кој е потребен за снабдување со
парно, природниот гас, имаше екстремно високи цени, а државната ЕСМ, која го
презеде менаџирањето со снабдувањето со парно, секој месец го купуваше
енергенсот, а за тоа се издвојуваа високи суми средства.

Во
време кога лани температурите беа ниски и пред да почне грејната сезона, а државната
ЕСМ сеуште немаше набавено гас поради огромните цени, но и надеж дека преку
Србија ќе го добие поевтино, токму Топланата Север беше таа што прва пушти
парни за своите околу 500 домаќинства корисници, во подрачјето на Чаир и Бутел.

Како
сопственик на Топланата Скопје Север тогаш фигурираше Топлификација АД во стечај, па поради тоа што
фирмата мајка беше во
стечај, за управувањето на овој капацитет всушност беше надлежен стечајниот управник.

Ваквото
однесување на Топланата Север тогаш предизвика револт кон Владата, па оттаму го
повикаа директорот прво да ги плати долговите за компанијата со која раководи,
односно парите што и ги дала ЕСМ за набавка на гас.

А всушност, потребните пари за ЕСМ да го набави екстремно скапиот гас, беа обезбедувани преку државниот буџет, за што од него се издвоија милионски суми на средства.

Потоа
Топлана север снема природен гас и сакаше да почне да работи на мазут, но од
надлежниот инспекторат тоа изрично го забранија, бидејќи тој енергенс е
исклучително голем загадувач на животната средина.

Потоа
државата и предложи на Топланата договор за деловно техничка соработка, што
беше изгласано и на владина седница, а проблемот со гасот се надмина, па
Топлана Север продолжи да работи на гас и продолжи да ги снабдува корисниците.

И
потоа, во октомври лани, преку Берза излезе информација дека Топланата Скопје Север
оди на барабан, нејзините акции ќе бидат понудени на Берзата, а понудувач ќе биде
газдата на оваа топлана, односно Топлификација во стечај.

На
аукцијата требаше да бидат понудени речиси сите акции на
топланата Скопје Север, а почетната цена која ќе се бара за компанијата е околу
еден милион евра.Или, на барабан одат 77.414 обични акции на компанијата, по цена
од 780 денари за акција, што е рамно на 60,4 милиони денари, или 982 илјади
евра. „Тоа е претставува 99,98 отсто
од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 780 денари по
акција, преку моделот “се или ништо“, се вели во објавата од Берзата пласирана
на нејзина веб страница, се велеше во тогашната објава на Берзата.
Потоа немаше информација што се случи со оваа евентуална зделка, односно дали
таа беше реализирана.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy