Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО ИЗБОРИТЕ ЌЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА: Економистите не стравуваат за редовните активности, но велат нема ни основа за економски бум
Економија

КАКО ИЗБОРИТЕ ЌЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА: Економистите не стравуваат за редовните активности, но велат нема ни основа за економски бум

31/01/2024

AA

Новата техничка Влада
веќе е дефирнирана и таа треба да ги организира престојните избори, претседателските
и парламентарните. Вообичаено изборите го окупираат вниманието на јавноста, но
и на партиите, па дури и најголем дел од енергијата на надлежните институции е
насочена кон нивно организирање и спроведување.

Политичките
партии очекувано, и оние од власта и оние од опозицијата максимално ќе се
посветат на освојување политички поени, а оттаму и на изборните резултати. Фокусот
на сите ќе биде насочен кон освојување на гласови, а не кон развој и поттик на
стопанството. Сосема очекувано е да се намалат активностите за справување со
нашите вечни проблеми, сивата економија, корупцијата…  

И минатата година
беше слаба на економски план, имајќи предвид дека земјата се соочи со екстремно
висока инфлација, со која се уште се справуваме, недостигаа капитални
инвестиции, а и понатаму имаме силен одлив на работна сила.

Но, клучното
прашање кое сега се поставува, е како изборниот период и самите избори ќе
влијаат на домашната економија. Дали ова ќе биде поттик за поголем економски
раст, или напротив кочница за домашната економија.

Домашните
економисти не стравуваат од изборите, ниту пак на нив гледаат како на особена
пречка за развојот. Но, укажуваат дека не може да очекуваме економски бум ниту оваа
година, не само поради изборите, туку и поради многубројните проблеми кои со
години се таложат.

– 
Економскиот раст е квантитативна категорија, односно не
го мери квалитетот на она што се произведува, туку само тоа дали се произведува
повеќе или помалку во споредба со претходната година. Бидејќи го мери
квантитетот, а не квалитетот, секоја дополнителна вонредна активност, како
изборите, го зголемува растот. Кога има избори, партиите ги ангажираат своите
финансиски средства (за реклами, за организирање митинзи и слично), па тоа се
нотира позитивно во мерењето БДП. Ако се ангажираат и јавни пари за да се повлијае
врз одлуката на граѓаните за кого ќе гласаат, тоа уште повеќе позитивно влијае
на БДП. Се разбира, дубиозно е колку позитивно е сето ова, но затоа проблемот е
во несоодветноста на БДП како критериум за успешноста на една економија,
бидејќи ја нотира секоја економска активност, без разлика дали е корисна или
штетна – објаснува економистот Здравко Савески.

Савески
за Фактор исто така објаснува дека иако изборите можат да имаат негативен ефект
врз нивото на економска активност, во случај ако создаде политичка несигурност
во земјата, па да се создаде мислење кај странските капиталисти (па и
домашните) дека е ризично да се инвестира капиталот.

– 
Но, колку и да е лоша политичката клима кај нас во
моментов, овој ризик по нашиот БДП (и економски раст) е значително помал од
ризикот да се намалат инвестициите поради одливот на работници во странство и
поради економските, политичките и еколошките турбуленции во светската
економија, кои, ако ја доведат неа во криза, ќе ја доведат и нашата економија и
нашите луѓе во криза – укажува Савески.

Директорката
на Институтот за економски истражувања и политики Благица Петрески посочува
дека со оглед на фактот дека станува збор за регуларни избори, не се очекува
забавување на економските активности на бизнис заедницата, но посочува дека има
„кочница“ кај реализацијата на проекти кои се насочени кон справување со неправилности
во економијата во земајва.

– 
Доколку зборуваме од аспект на економските активности на
приватнот сектор не би очекувала драстични промени, бидејќи бизнис секотрот
веќе ги има вкалкулирано изборите во своите активности бидејќи тие се во редовен
термин. Може да се направат некои одложување на инвестиции поради неизвесност
која е карактеристична за изборните години – вели Петрески.

Сепак,
таа додава дека ако се гледа на економските реформи, тогаш можни се поголеми одложувања,
бидејќи како што укажа, уште од почеток на годината главен фокус е на тоа што ќе
се случува на изборите, што ќе се случува со уставните измени, па економските
реформи се оставени во втор план.

– 
Дури и економските консултации се изретчени или не се во
фокус. Ако на пример ги погледнете остварувањата кај некои клучни економски реформи,
како на пример справувањето со сивата економија, стратегијата која била во план
да се реализира од 2018 до 2022 година, дизјанирана од оваа влада, ќе видите
дека шест од десет активности, не биле ни започнати, а не па да се реализираат.
Такви примери има многу, а па да очекуваме дека вакви непопуларни активности ќе
се случуваат сега е илузорно, туку тие би можеле да ги очекуваме исклучиво по
изборите – заклучува Петрески.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
Македонија

ВОЗАЧ ОД БОСНА ШИБАЛ СО 164 НА ЧАС НА ПАТОТ

11/10/2026
Македонија

11 ОКТОМВРИ НЕКА НЀ ПОТСЕТУВА ДА ЈА ЧУВАМЕ СЛОБОДАТА Честитка

11/10/2026
Македонија

ПУКНА ПРВАТА СДСМОВСКА ПУШКА ВО ПРИЛЕП Филипчевци маршираа на Денот

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46110
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети дека ќе работи на нејзино

11/10/2026

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ги повика граѓаните што ја блокираат депонијата Краста да се повлечат и да дозволат јавното

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу 200 метри од брегот

11/10/2026

Охриѓанец загина откако неговото кану се превртело во езерото, соопшти полицијата. Попладнето на 10.10.2026 во полиција било пријавено дека во

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на национално единство околу големите стратешки

11/10/2026

Македонија е поголема од секоја политичка генерација! Државата е поголема приказна од сите кусогледни и лични интереси. Татковината се брани

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy