Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО ГЕРМАНЕЦОТ ЕКАРД ГОСЕЛ РАЗВИ СОПСТВЕН БРЕНД ЗА КАФЕ ВО КИНА: Создаде робот кој прави кафе како најдобрите европски мајстори
Економија

КАКО ГЕРМАНЕЦОТ ЕКАРД ГОСЕЛ РАЗВИ СОПСТВЕН БРЕНД ЗА КАФЕ ВО КИНА: Создаде робот кој прави кафе како најдобрите европски мајстори

01/04/2024

AA

Извонредна можност
е да се запознае бизнисмен од Европа во Кина, кој тука, пред 2-3 години развил
сопствен бренд – Интелигентен робот за кафе „Екард“. 66-годишниот Екард Госел
од Фрајбург, Германија, пред 20 години почнува ново животно поглавје во Нингбо. Овој технолошки иноватор кој е високо ценет во кинеското општество, по многубројните интервјуа во овдешните медиуми, детално ја раскажа својата сторија и за јавноста во Македонија. Во разговорот за Фактор, Екард Госел говори за неговата идеја да прави кафе на
европски начин во Кина, и тоа со помош на интелигентни уреди. Овој сестран
човек, кој има диплома по машински инженеринг во сосема ист чекор е со
технолошкиот развој на оваа земја, па неговата замисла ја реализира во
партнерство со неговиот пријател Џенг Нинг, кој има технологија за механичка
интелигенција.

-Пред повеќе од
две децении со сопругата посакавме да ја посетиме, да ја видиме Кина која е
навстина една мистична земја, полна со предизвици и сега по толку години можам
да кажам дека ова е мојот дом. Од пред точно две години ја остварив мојата
најголема животна желба и добив дозвола за постојан престој за странци во
Народна Република Кина. Можам да кажам дека речиси живеам како Кинез иако сум
се уште Германец. Тука имам две компании. Уште од 2008 година ја основав мојата
трговска компанија, која главно работи и со американските и со европските
пазари, а втората компанија ми е сосема нова, всушност постои од пред две-три
години. Имам партнер со кого развивме робот-систем за правење кафе. Искрено се
надевам дека во иднина мојата компанија ќе прави поголем обрт на пари на
локално ниво и затоа сакам да ги охрабрам инвеститорите и бизнисмените да
размислат и да дојдат во Кина, бидејќи условите за отворање бизнис тука се
навистина одлични, посочува Госел.

Во однос на тоа
какви се процедурите, тој вели дека кинеската влада е голем поддржувач и
несебично помага во целиот процес за основање сопствена компанија, а
регулативите се многу јасни.

-Кина дава многу
можности. Токму пред неколку дена му реков на еден пријател: „Сега во Кина е исто
како кога бевме млади и говоревме дека Америка е земја со бескрајни можности“.
Токму така е сега во Кина само ако имате вистински концепт, ако имате барем
малку пари за старт, и секако интересна технологија. Лесно е да се основа сопствена
компанија, процедурата не е многу поразлична од онаа како и во европските земји,
посебно што во почетокот не мора да имате старт-ап капитал. Профитот е целосно
ваш, а кинеската влада секако се грижи сите даноци да бидат подмирени. Во
моментов имам 25 вработени, а во производствениот процес имам уште една група
луѓе кои се специјализирани во роботската технологија. Дизајнерскиот концепт на
целиот сет на опрема навистина ја користи техниката и технологијата на
баристата за да направи шолја висококвалитетно кафе на лице место, строго го
следи процесот на производство на кафе и го обезбедува чистиот вкус на секоја
шолја кафе, со гордост потенцира мојот соговорник.

Но, Екард Госел
не е само мажински инженер и бизнисмен кој во Кина има две компании. Тој е многу
повеќе од тоа. Во текот на 20-те години живеење во Нингбо тој предавал
германски јазик на Универзитетот Нингбо, организирал собири, готвел, вежбал таи
чи, садел цвеќиња и растенија…Сопственото искуство во ова земја го преточува
во неговата книга „Ningbo Chronicles“.

-Во оваа книга го
рефлектирам сето она што Кина го всади во мене. Има и посебен дел за самиот
град, што тој всушност претставувал во минатото, заради што и луѓето велат дека
не би постоел Хонг Конг ако не бил Нингбо. Не би откривал повеќе, би бил среќен
луѓето да ја прочитаат книгата, нагласува Госел.

Вели дека не оди
многу често во неговата родна Германија, а кога тоа се случува, главно е поради саеми и бизнис.

-Во Германија ја
имам само мајка ми. Таа има 98 години и со неа имаме редовни телефонски
разговори. Кога еднаш ја прашав, дали ти недостигам, таа ми рече „ти си имаш
свој живот таму, си имаме телефони, тоа е доволно“. Последен пат во Германија
бев пред пандемијата на корона вирусот. Можам да кажам дека развојот е многу
забавен. Бев во мојот роден град, Фрајбург и тоа што видов е дека всушност
ништо реално не се променило. Секако дека сум во тек со сите информации. Во
Германија се жалат на пример дека се затвораат ресторани поради тоа што нема
персонал, нема работници во кујните, јас можам само да речам дека токму кујните
можат а бидат современи со напредни технологии и роботи. Можеби банките во
Германија во моментов не се подготвени да даваат кредити за вакво нешто. Кога
би побарале 100-150 илјади евра за тоа, би можеле да речат: „за роботи“? Затоа
го ценам мојот живот во Нингбо и кога се враќам тука имам чувство дека доаѓам
во иднината.

Од Пекинг, Анита Буховски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ГРИПОТ, ТРОЈЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД Најмногу заболени

20/11/2026
Македонија

ПРИЈАВИЛЕ ИНДУСТРИСКА, А УВЕЗУВАЛЕ НЕЈОДИРАНА СОЛ Царината спречи нелегален внес

20/11/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ДВЕ ЛИЦА И ДВЕ ФИРМИ ЗА СМРТТА НА

20/11/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни

19/11/2026
Македонија

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На

19/11/2026
Македонија

ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА ЗА СИТЕ, ПА И ЗА

19/11/2026
Македонија

УКИМ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА, МОН ЌЕ ГО ПЛАТИ

19/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46852
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ГРИПОТ, ТРОЈЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД Најмногу заболени има во Тетово и во

20/11/2026

Од 9 ноември до 15 ноември пријавени се 154 случаи на грип во државава, што е зголемување во однос на

ПРИЈАВИЛЕ ИНДУСТРИСКА, А УВЕЗУВАЛЕ НЕЈОДИРАНА СОЛ Царината спречи нелегален внес на 2,8 тони

20/11/2026

Царинските службеници на граничниот премин во Скопје спречиле обид за нелегален увоз на 2,8 тони нејодирана сол, чиј увоз е

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ДВЕ ЛИЦА И ДВЕ ФИРМИ ЗА СМРТТА НА ОХРИЃАНЕЦОТ КРИСТИЈАН ЉУШЕВ Ќе одговараат

20/11/2026

Охридското обвинителство поднесе обвиненија против двајца и нивните фирми за смртта на 28-годишниот снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев, кој

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy