
Кадетите со триумф против Белгија го почнаа ЕП во Скопје
Белгија се покажа како цврст противник од самиот почеток на мечот, па Македонија по првата четвртина создаде предност од само два поени (20-18), додека на паузата замина со водство од еден поен (32-31).
Македонија влезе во криза на стартот на второто полувреме и им дозволи на противниците да стигнат до седум поени предност (45-38), меѓутоа нашите репрезентативци се вратија по тајм-аутот на селекторот и намалија на 46-47.
Голема битка се водеше и во завршницата на мечот, но Македонија успеа да слави со 63-57, а најефикасен во победата беше Доријан Ивановски со 16 поени, додека кај поразените најдобар беше Хејден Хоџ со 25 поени.
