
Кај шестмесечно бебе потврдена голема кашлица – изминатата година забележани 3 случаи!
Голема кашлица, пертусис, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“.
Три случаи на пертусис, се евидентирани во 2023-та година, сите од Скопје, од кои еден во декември.
Во „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти, додека во моментов, има околу шеесетина хоспитализирани деца на клиниката, од кои едно дете со Ковид-19.
Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта, а најранлива категорија се доенчињата до една година.
