Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „КАЈ НАС АКО ИМАШ ПАРИ, ЗНАЧИ ДЕКА СИ ГИ НАПРАВИЛ НА НЕЧИСТ НАЧИН“: Новиот поткаст „Бизнис Муабети“ на Фактор со Татјана Лопарски
Економија

„КАЈ НАС АКО ИМАШ ПАРИ, ЗНАЧИ ДЕКА СИ ГИ НАПРАВИЛ НА НЕЧИСТ НАЧИН“: Новиот поткаст „Бизнис Муабети“ на Фактор со Татјана Лопарски

12/07/2024

AA

Татјана Лопарски, сопственичка и извршна директорка на една од водечките ПР агенции во Македонија – Елемент ПР, ексклузивно во „Бизнис муабети“, подкаст кој се емитува денес на Јутјујб каналот на Фактор, разговараше  за повеќе интересни теми и откри детали од тоа како успеала и како ја создава една од најголемите ПР агенции во Македонија.

„Јас од бизнис знаев нула. Уште на работа им велам дека мене
пари и документи не ми се даваат. Парите ќе ги потрошам документите ќе ги
изгубам. Многу сум неодговорна за сптвени работи. Кога почнав во тој период реков ќе пробам
па ако не успеам не успеам. Издржав три претешки години за мене. Во секој бизнис
првите години се најтешки, кога отвараш бизнис а немаш грб“ раскажува таа за почетоците.

Лопарски откри и со колку пари почнала да го работи ПР бизнисот.

Иванов: Со колку пари почнавте?

Лопарски: Со нула, со позајмени пари. Тогаш на времето беше многу тешко.

Иванов: Денес?

Лопарски: Денес ми е полесно, не треба да се грижам на први како ќе дадам плата.

На прашањето на колку луѓе дава плата, таа одговара на 15 со се неа и додава дека Елемент ПР е една од најголемите ПР компании.

Таа откри и колку пари се вртат во овој бизнис. На прашањето на нашиот новинар колку пари се вртат во овој бизнис, Лопарски најпрво вели дека не знае, но потоа, кога Иванов ја прашува генерално во бизнисот колку пари се печалат само од ПР вели дека има фирми во ПР бизнисот што имаат и над два милиони евра обрт, односно само за ПР услуги.

Откри и дека почнала со позајмени пари и дека и било многу тешко, но додава дека денес и е полесно затоа што не мора да мисли како ќе даде плата на 15 вработени во нејзината ПР агенција.

Таа даде одговор и на вечното прашање, дали во Македонија има милијардери. Лопарски вели дека има, но оти не сакаат да зборуваат затоа што ние сме земја што минала низ транзиција, а народот веднаш мисли дека ако некој има пари, мора да правел нешто зад кулиси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44984
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат Монте Карло со Daihatsu од

12/08/2026

Додека многумина за пат до луксузниот брег на Монако избраат авион или моќни лимузини, двајца млади радовишани решија да ги

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати 550 евра за фрлање мачиња

12/08/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање новородени животни во земјава. Сторителот од Скопје е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy