Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кај и да си, пред Божиќ за Бадник дома да си!
Македонија

Кај и да си, пред Божиќ за Бадник дома да си!

06/01/2024

AA

Кај и да си, за Бадник дома да си. Ова е верувањето кое го практикуваат православните христијани на Бадник, ден пред најголемиот христијански празник, Божиќ.

Се пеат коледарски песни на децата за здравје, бериќет и плодна година кои ги симболизирааат гласот на ангелите за Христовото раѓање.

За Бадник семејството се собира на посна и богата вечера. Според верувањата и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка.

Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши лепчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

И колку да ве потсетиме на песничката која ве буди во раните утрински часови:

Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.
Коледееееееееее…

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Син го истепал татка си во Штип!

09/04/2026
Македонија

ОСВЕН БУЧАВАТА, ДИСКОТЕКИТЕ И КАФЕ-БАРОВИТЕ НЕМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

09/04/2026
Македонија

Трактор излетал од патот во Смоквица и паднал во речното

09/04/2026
Македонија

Трагедија во Богданци, загина тракторист!

09/04/2026
Македонија

Костадиновски: Нека бидат спокојни граѓаните никој нема да го чепне

09/04/2026
Македонија

НА МАЈЧИН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ДА ОБЈАВИМЕ „ХРИСТОС ВОСКРЕСНА“ Пасхално послание

09/04/2026
Македонија

Пет приведени за семејно насилство во последното деноноќие

09/04/2026
Македонија

Сѐ помалку млади, сѐ повеќе стари во Македонија – алармантни

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42300
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Син го истепал татка си во Штип!

09/04/2026

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(35) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна

ОСВЕН БУЧАВАТА, ДИСКОТЕКИТЕ И КАФЕ-БАРОВИТЕ НЕМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Инспекторката утврдила дека „Пулс“ работи

09/04/2026

Инспекторка за животна средина во Општина Кочани во 2022 година утврдила дека дискотеката „Пулс“ работи под друго правно лице, но

Трактор излетал од патот во Смоквица и паднал во речното корито на река Мешкавица, возачот

09/04/2026

На 08.04.2026 во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во с.Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy