Изгореа две возила и помошна работилница во карбинското село Таринци
Во пожар во карбинското село Таринци утринава изгореа автомобил марка „мерцедес“, мал камион и помошна просторија-работилница. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот кај нив е пријавен рано утринава во 2:30, часот, а пожарникарите го гаснеле до 4:30 часот.
-Пожарникарите спречија пожарот да не го зафати покривот и домот на семејството. На терен излегоа девет пожарникари со три возила, вели Коцев.
Според првичните информации пожарот настанал од самозапалување на едно од возилата, по што се проширил во целата просторија полна со алати за работа. Штетата дополнително ќе се утврдува, а во пожарот нема повредени лица.