Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници
Економија

Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници

25/02/2025

AA

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите  се прифатени во Собранието и со тоа ланците маркети ќе мора да отворат свои веб-платформи на кои ќе ги прикажуваат актуелните цени на производите.

Пратениците од власта очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овој закон се носи во насока на заштита на стандардот на граѓаните. 

– Изненаден сум што на Комисијата за економски прашања немаше поднесено амандмани, иако некои од опозицијата го критикуваа овој закон дека нема да го даде резултатот што го очекуваат граѓаните. Се критикуваат законски решенија на Владата, но кога ќе дојде време за амандмани, не поднесуваат, рече Стојановски од собраниската говорница.

Тој додаде дека оваа мерка е застапена во европските земји и носи резултат со тоа што индиректно значително ги намалува цените.

Потрошувачите ќе ги споредуваат цените и со тоа ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Овој закон се однесува на мали, средни и големи трговци, со што е искучуваат микротрговците и трговците поединци.

Со овие измени исто така се дава овластување на инспекторите да извршат проверки доколку видат неусогласеност на цените. 

Ваков закон за заштита на потрошувачи минатата недела беше донесен и во Хрватска, според кој трговците во Хрватска ќе бидат обврзани редовно да ги објавуваат и ажурираат цените на сите нивни производи на нивните веб-страници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
Македонија

ГЛАСАЊЕТО ВО БРВЕНИЦА СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМ Гласале 85 болни

17/10/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на

17/10/2026
Македонија

СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА НАСИЛСТВО, МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА Во Групчин

17/10/2026
Македонија

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДОДЕКА ГО ПРИВЕДУВАЛЕ Жител на Голема Речица

17/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАД ВОЛАН БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ Внатрешната контрола открила

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46226
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23 степени

17/10/2026

Времето в недела, 18 октомври, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy