Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ Oд мај стартува новата генерација
Македонија

ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ Oд мај стартува новата генерација

09/04/2026

AA

Со 61 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, Собранието вечерва го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка.

Средното полициско училиште ќе почне да функционира од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе работи по наставни планови и програми утврдени од министерот за образование и наука во согласност со министерот за внатрешни работи. Истото ќе биде во времетраење од две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што секој кандидат/ученик по завршување на прва и втора година средно училиште, на објавен конкурс може да се пријави и доколку ги исполнува предвидените услови, своето образование да го продолжи во средно полициско училиште.

Последната генерација (24-та) во Средното полициско училиште завршила во 2000 година, а со примената на ова законско решение ќе се продолжи со 25-та генерација ученици во Средното полициско училиште.

Во средното полициско училиште ќе може да се запишуваат редовни ученици кои завршиле втора година средно образование во средните училишта на територијата на државата. Воедно заинтересираните треба да исполнат и услови за прием. Меѓу нив е одредбата да се државјани на Македонија, да немаат 18 години на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште. Исто така ќе мора активно да го користат македонскиот јазик, да се здравствено и психофизички способни, а ќе се прави безбедносна проверка која треба да утврди дека не постои безбедносен ризик. Воедно за запишувањето на редовните ученици потребна е писмена согласност на родителот, старателот, односно застапникот по закон на ученикот.

„Целта е подготвено да се одговори на сите безбедносни предизвици со коишто се соочува државата, а особено за да биде и чекор понапред во превенирањето на сите можни облици на општествени девијации со цел успешно справување со нив. Недостигот од формализирано полициско средно образование го отежнува процесот на кариерен развој во безбедносниот сектор, ја намалува предвидливоста на човечките ресурси и не дозволува рано селектирање, воспитување и обучување на кадар според специфични безбедносни потреби на државата“, се нагласува во законот доставен пред пратениците.

Пратениците дадоа поддршка и за Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, и двата по скратена постапка

Собранието го проследи на натамошно второ читање Предлог на законот за изменување на Законот за гранична контрола.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска соопшти дека овластените предлагачи ги повлекле материјалите за Предлог на одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОКСОВИ, НОЖ И ГАСЕН ПИШТОЛ Taтко и синови нападнале вработени

09/04/2026
Македонија

ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ Oд мај стартува новата

09/04/2026
Македонија

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026
Македонија

ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОДИ НА ВТОРО ЧИТАЊЕ

08/04/2026
Македонија

СДСМ ДИРЕКТНО ГИ КОЧИ РЕФОРМИТЕ, ВЕЛИ ЗНАМ „Наместо поддршка, го

08/04/2026
Македонија

МИЛИОНСКИ ПАКЕТ ОД САД ЗА ОДБРАНАТА, ЕНЕРГЕТИКАТА И ВО САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА

08/04/2026
Македонија

Клучна битка за пациентите: Марјановиќ бара нов Закон за лекови

08/04/2026
Македонија

ГОТОВ Е ПРОЕКТОТ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ИНФЕКТИВНОТО ВО ВЕЛЕС Почетокот

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОКСОВИ, НОЖ И ГАСЕН ПИШТОЛ Taтко и синови нападнале вработени на гробиштата во Бутел

09/04/2026

Со боксови, нож и гасен пиштол, татко и неговите два сина вчера физички нападнале две лица на нивното работно место

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026

Времето во четврток, 9 април, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието

ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОДИ НА ВТОРО ЧИТАЊЕ Текстот предвидува неколку суштински новини

08/04/2026

Со 81 глас „за” и ниту еден против или воздржан, Собранието на денешната 97. седница донесе одлука за проследување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy