Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ивановска во обвинителство – дали сите пријави за исказ се доставуваат со полиција праша таа
Македонија

Ивановска во обвинителство – дали сите пријави за исказ се доставуваат со полиција праша таа

19/08/2025

AA

Нешто повеќе од еден час траеше давањето исказ во Јавното Обвинителство на поранешната прва антикорупционерка и актуелен кандидат за градоначалник на Центар Билјана Ивановска. Таа во Обвинителството дојде со својот адвокат, исто така поранешен антикорупционер Драган Малиновски. Според Ивановска пријавата која е поднесена за неа е нејасна, бидејќи како што истакна се однесувала на начинот како бил отворен предметот, кој како што посочи е затворен без да има некаква одлука за мерки или пријава. Ивановска рече дека е поднесена од познат пријавител, но не сакаше да открие ниту кој е тој, ниту за кој предмет се работи бидејќи се уште е отворена постапката.

-Она што било спорно за пријавувачот е на кој начин ние сме комуницирале со јавноста а вие знаете дека ние како ДКСК бевме премногу транспарентни можеби и ги споделувавме предметите и информациите со јавноста без никаков проблем за тоа. На обвинителката и ја објаснив постапката како постапува ДКСК која е улогата на претседателот на Комисијата, јас како претседателка ги потпишував одлуките кои што колективно се носат од страна на Комисијата, изјави Билјана Ивановска, екс претседателка на ДКСК.

Дали според начинот на кој е поднесена пријава останува сомнежот кај неа дека е поднесен поради нејзината кандидатура за градоначалник на општина Центар, Ивановска со контрапрашање дали сите пријави ги доставуваат со полиција.

-Ако Јавното обвинителство постапувало секогаш ревносно и за кратко време ги доставувало пријавите кај што треба, тогаш никој немал да се посомнева зошто па сега, зошто па утре или задутре. Оттука произлегуваат сомнежите. Мене ми е прашањето дали сите пријави кои што биле архивирани на 25.07. се доставени на 14.08. кај оние што треба да ги примат и тоа од страна на полиција, изјави Билјана Ивановска, екс претседателка на ДКСК.

Ивановска својана кандидатура за прв човек на Центар ја објави пред 5 дена зад која застанаа неколку граѓански иницијативи од платформата „Независни заедно“, а само неколку часа потоа на нејзината врата се појавиле двајца полицајци кои и врачиле покана да се јави во Обвинителство поради кривичната пријава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy