
Итна наредба: „Армијата да биде во состојба на готовност“
Водачот на непризнатиот сепаратистички регион Придњестровје во Молдавија, Вадим Красноселски, ги повика одбранбените и разузнавачките институции.
Тој им нареди да бидат на „високо ниво на воена подготвеност“ и да одржуваат редовни вежби за таа цел.
Красноселски во обраќањето рече дека клучните институции треба да се спротивстават на воените закани и терористичките и екстремистичките активности, пренесе Ројтерс.
Придњестровје се отцепи пред распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, а 2.000 руски мировници се на линијата што ги дели Придњестровје и Молдавија.
Тензиите се зголемуваат откако молдавската влада воведе царини за увоз и извоз на почетокот на оваа година поради нејзината кандидатура за пристап во Европската унија.
Регионот Придњестровје, кој зависи од руската помош, рече дека царините им штетат на нејзините бизниси, а Красноселски го осуди како „средновековна давачка“.
