Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Италија и Полска во финалето на Европското првенство во одбојка
Спорт

Италија и Полска во финалето на Европското првенство во одбојка

14/09/2023

AA

Без изненадувања и како што очекуваше европската одбојкарска јавност, Италија и Полска ќе се борат за златото на континенталниот собир чиј кодомаќин беше и Македонија.

Во вечерашните полуфинални средби Италијанците и Полјаците ги совладаа Франција, односно Словенија. Домаќинот на завршните мечеви, Италија, без да загуби сет ја надигра Франција во „Палацето дело спорт“, во Рим. Најнеизвесен беше само третиот сет, кој го доби со 25-23, откако првиот и вториот ги заврши со 25-21 и 25-19.

Претходно, Полјаците загубија еден сет од европскиот вицешампион од последните две првенства, Словенија. Словенците го добија воведниот со 25-23, но фаворитот потоа притисна и го сврти мечот со 25-21, 25-20 и 25-21. Финалето се игра исто така во Рим, в недела во 21 часот, а мечот за бронза меѓу Франција и Словенија истиот ден од 17.30 часот.

Италија е актуелен светски и европски првак, а ќе игра за осмото злато. Полска досега само во 2009 година стигна до континенталниот трофеј, а финале играла уште пет пати и тоа на пет првенства едноподруго, од 1975 до 1983 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44947
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026

Триесет и две пакувања со марихуана биле пронајдени при претрес на пратка наменета за осуденик во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“,

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по убод од комарец, епидемиолозите предупредуваат

10/08/2026

Бројот на лица заразени со западно-нилска треска во Македонија би можел да биде поголем од досега официјално потврдените 20 случаи,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy