Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истражувачка сторија: Бугарија со закани, притисоци и поткуп во обид за асимилација на македонската заедница во Албанија
Македонија

Истражувачка сторија: Бугарија со закани, притисоци и поткуп во обид за асимилација на македонската заедница во Албанија

23/11/2023

AA

Истражувачката програма „Inside Story“ на албанската телевизија Топ чанел емитуваше истражувачка сторија за тоа како Бугарија и се заканувала на Албанија и се мешала во пописот во Албанија во 2023 година со закани, подароци, притисоци и мито, за асимилација на македонската заедница во Албанија, јави весникот „Македониум“.

Откако наведува дека Грција и Бугарија и се заканиле на Албанија со блокирање на евроинтеграцискиот процес, констатира дека „овие закани ставиле црна дамка и на овој процес, кој требаше да се заснова на исполнување на условите за членство, а не на егото на соседните земји да искористат на грбот на Албанија“.

-На север, во областа Гора, но и во Голо Брдо и Пустец, преку различни форми, Бугарија врши притисок врз граѓаните, барајќи од нив да се изјаснат со бугарско потекло. Првично, плановите за фиктивен раст на малцинството имаа сценарио на закани кон официјална Тирана со интеграциската карта. Денеска се следи нова стратегија со делење бугарски пасоши на албанските граѓани. Документ кој носи придобивки како земја членка на европскиот блок, се наведува во сторијата.

Во Албанија, прашањето за етничката припадност има висока чувствителност ако се земат предвид плановите и сценаријата на соседите вештачки да го зголемат бројот на малцинствата. Барем овие притисоци беа постојани од Грција и Бугарија, кои имаа за цел да го зголемат бројот на нивните малцинства што е можно повеќе

-Етничката припадност е очигледно во услови на чувствителност поради вештачкиот притисок на две земји многукратно посилни како Грција и Бугарија за да извадат бројки кои се нереални изјавил Ардит Бидо, директор на Државниот архив на Албанија.

Топ чанел Албанија Македонци

Поради животниот стандард, немањето инфраструктура, селата во кои живеат Гораните во околијата Кукс се оставени на милост и немилост, без телефонска мрежа, без интернет и без патишта. Единствена опција им е Косово, на која и се обраќаат за лекарска помош, а оттаму успеваат да дојдат до интернет, кој го користат за комуникација со децата кои се иселени. Патот од Кукс до Запод минува меѓу планините на тежок, неасфалтиран терен и не се одржува.

Главно економските причини се главните причини за аплицирање и обезбедување бугарски пасоши.

-Сите се заминати, тука нема што да правиме. Што ќе гледате? Овде ќе најдете само старци, вели жител на Гора.

Се посочува дека во 11-те пописи спроведени во албанската држава, во ниту еден од нив не излегува дека во Гора има бугарско малцинство и се додава дека друга причина која се користи од бугарската држава се инвестициите во овие области, главно во училишта со информатички кабинети, обезбедување на транспорт за учениците, дидактички алатки, стипендии за студирање во Бугарија и други.

-На овој попис се вршеше притисок од бугарската држава. Овде дојдоа личности од бугарската држава, дојдоа и во Пустец, во областа на Преспа, дојдоа и во областа Голо Брдо и Гора, каде вршеа притисок и пропаганда за промена на етничкиот идентитет, вели Ефтим Митревски, потпретседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и одговорен за односи со јавноста во општина Пустец.

На 15 септември 2023 година, потпретседателката Илијана Јотова даде изјава по средбите со албанските власти, каде што тесно се фокусира на пописот и интересот за декларирањето на етничката припадност од страна на бугарското малцинство.

-Добив гаранции од највисоко ниво дека националниот попис на населението во Албанија ќе се врши според највисоките европски стандарди, со почитување на правата на сите етнички заедници, вклучително и на бугарската. Ова е првиот попис од официјалното признавање на бугарското национално малцинство во 2017 година, изјавила Јотова.

На сите средби Илијана Јотова беше придружувана од Спас Ташев, член на Бугарската академија на науките.

На 30 септември 2023 година, бугарскиот професор на својата Фејсбук страница објави фотографии од пописниот лист во Албанија. Спас Ташев континуирано се залага за исполнување на целта за зголемување на статистиката на бугарското малцинство во Албанија. На еден форум во 2020 година, тој силно побара од дипломатијата на неговата земја да биде активна во Албанија, бидејќи областите за кои тие тврдат дека имаат малцинство нема да се попишат за Бугари, се наведува во сторијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава против поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово,

23/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ Е „ЦРНАТА КУТИЈА НА ДУИ“ Kој ќе оди

23/02/2026
Македонија

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски, на

23/02/2026
Македонија

СОНЧЕВА НЕДЕЛА ПРЕД НАС: Пролетта подрани, температурите до 15 степени

23/02/2026
Македонија

„СЕ ЧУВСТВУВАМ НЕБЕЗБЕДНО“: Груби сместен во ќелија со 24-часовно обезбедување

23/02/2026
Македонија

Уапсен Србин на автопатот Гевгелија-Скопје: Пренесувал мигранти од Египет и

23/02/2026
Македонија

📽️ ХАОС НА АВТОПАТОТ ШТИП–МИЛАДИНОВЦИ Се судрија пет возила, сообраќајот

23/02/2026
Македонија

ВРЕДИ: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41801
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава против поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово, си склучувал незаконски договори и

23/02/2026

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на

АРТАН ГРУБИ Е „ЦРНАТА КУТИЈА НА ДУИ“ Kој ќе оди курбан заедно со него, прашува

23/02/2026

„Црната кутија за владеењето на ДУИ, конечно, се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски, на сите им е јасно дека

23/02/2026

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, денеска на прес конференција порача дека секој што го прекршил законот мора да одговара. Како

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy