
ИРАН: Голем пожар избувна во магацин на апарати за домаќинство во градот Машхад
Голем пожар избувна денеска во магацин на апарати за домаќинство во североисточниот дел на градот Машхад во Иран, а засега нема информации за жртви, јавија иранските државни медиуми.
Пожарникарите се испратени од различни области на градот, јави официјалната новинска агенција ИРНА, без да даде дополнителни детали.
Противпожарната служба на Машхад објави дека десетици пожарникари се уште работат на гаснење на пожарот, објави полуофицијалната новинска агенција Тасним, пренесе Ројтерс.

