Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инженери сакаат да знаат дали се проверува  колку се точни струјомерите
Економија

Инженери сакаат да знаат дали се проверува колку се точни струјомерите

04/06/2025

AA

Здружението Инженери на Република Македонија поднесоа барање за пристап до информации од јавен карактер до Бирото за метрологија за тоа дали ветениот државен еталон за проверка на електрични броила сè уште не е ставен во функција.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини пред четири месеци најави зголемување на заштитата на граѓаните и обезбедување поголема транспарентност при мерењето на потрошената електрична енергија. Од Бирото за метрологија во најкраток можен рок бепе побарано да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која повеќе од седум години останала неискористена. Станува збор за трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, кој со години бил складиран во подрумските простории на Бирото. Со активирањето на оваа опрема требаше да се овозможи не само редовна верификација на мерилата, туку и проверка на нивната исправност по жалби од потрошувачи. Ова следуваше поради честите поплаки на граѓаните за сомнително фактурирање на електричната енергија. 

– Иако министерката за енергетика пред три месеци јавно изјави дека опремата ќе биде активирана „во најкус можен рок“, јавноста сеуште е без никаква информација дали тоа е навистина реализирано, реагираат од здружението.

До барањето за информации од Бирото за метрологија испратени се прашања дали граѓаните можат да побараат проверка на своето броило? Колку поплаки за неточност се примени досега и со какви резултати? Кога последен пат е извршен надзор над работата на лабораторијата на ЕВН?

– Дополнително, побаравме и можност за посета на лабораторијата на Бирото, со цел директен увид во опремата, стандардите и методологиите што се применуваат, додаваат од Инженери на Република Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy