Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инвестиција од 1 милијарда долари на Халкидики: Грција станува регионален лидер во бакар и злато
Македонија

Инвестиција од 1 милијарда долари на Халкидики: Грција станува регионален лидер во бакар и злато

04/11/2025

AA

Халкидики, омилено место за одмор за македонските туристи, ќе добие сериозен индустриски партнер. Eldorado Gold објави дека рудникот „Skouries“ во Грција ќе стартува со производство во 2026 година, а инвестицијата тежи 1 милијарда долари. Изградбата е завршена близу 70%.

Проектот е хибриден – и подземен и површински – насочен кон две суровини кои Европа ги смета за стратешки: злато и бакар.

Локалните анализи велат дека токму овој проект ќе го постави Халкидики на нова мапа – не само на туристичката, туку и на индустриската.

Извршниот директор на Eldorado Gold, Џорџ Бeрнс, изјави дека проектот Skouries напредува стабилно.

„Тоа се должи благодарение на искусниот тим на терен, кој работи над очекуваната продуктивност. Компанијата е целосно фокусирана на почетокот на производството на бакарно-златен концентрат во првото тримесечје на 2026 година, што е клучен момент за Eldorado“, нагласува Бернс.

Капиталната вредност на проектот Skouries е зголемена во февруари на 1,06 милијарди долари, што е за 143 милиони повеќе од претходните проценки. Компанијата Eldorado го објаснува зголемувањето поради недостигот на работна сила во Грција и потребата за побрза набавка на опрема со голем капацитет. Инаку, рудникот претходно се соочуваше со критики од страна на дел од активистите и лолални жители, па проектот беше замрзнат меѓу 2017 и 2021 година. По потпишување на нов договор со грчката влада во 2021, Eldorado ја обнови изградбата на рудникот кон крајот на 2022 година. Рудникот, кој ќе отвори над 100 директни и индиректни работни места, поседува докажани резерви од 3,7 милиони унци злато и 1,7 милијарди паунди бакар, а предвидено е да работи 20 години. 

Претходно и од Романија пристигнаа информации дека се на чекор до изградба на еден од најголемите рудници за бакар и злато во Европа, „Долина Ровина“. Процедурите за проектот забрзаа откако тој се најде на листата на 47 стратешки проекти на Европската Унија, кои тежнеат да го направат континентот енергетски независен од трети страни. Зад овој проект стои компанијата „Еуро Сан Мајнинг“, како и инвеститорот Трафигура, а рудникот за бакар содржи околу 10,4 милиони унци еквивалент на злато.

Во регионот и компанијата „Аурубис Бугарија“ соопшти дека ќе инвестира 115 милиони евра за да ја спроведе најголемата реконструкција во последните 30 години на постоечки рудник за производство на бакар во близина на Пирдоп и Златица. Од компанијата со германска позадина истакнаа дека реконструкцијата е дел од нивната четиригодишната програма во вкупна вредност од 400 милиони евра, со цел да се обезбеди долгорочна иднина на рудникот во близина на Пирдоп и Златица и за да се доближи политиката на компанијата до целите на Европската Унија за обезбедување критични минерални суровини.

Интересот за бакарот порасна откако Брисел го постави на листата н критични минерални суровини, бидејќи без него не можат да се произведат електричните возила, соларните и ветерните турбини користат бакар за трансфер на енергија, а исто така и модернизацијата на енергетските мрежи изискува огромна количина на бакар. Унијата реши да ги олесни процедурите за производство на критичните минерални, за да не биде зависна од трети земји, а во меѓувреме и американскиот претседател Доналд Трамп ги олесни процедурите за ископ на бакар во САД и најави повисоки даноци за увоз, со цел да го покрене домашното производство.

Од друга страна, Македонија не може да се пофали со искористување на своите ресурси на бакар. Единствен активен рудник за бакар во земјата е Бучим, заедно со развојната компонента во Боров Дол. Според дел од геолозите и инженерите, Македонија лежи на бакар и злато, а ваквите тврдења се потврдуваат и во нацрт Стратегијата за минерални суровини, која ја изготвува МАНУ, Сепак, најчесто поради правната несигурност и одредени критики, инвестициите за рудници во бакар во земјава не се реализираат. Такви примери се Казандол и Кожуф. Во моментов, неизвесна останува единствено иднината на инвестицијата за рудник за бакар во Иловица.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе никне мега-парк

27/06/2026

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со интензивно темпо продолжуваат работите за затворање на депонијата Вардариште, која со децении

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на економијата, безбедноста и евроинтеграциите

27/06/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари серија значајни билатерални средби на маргините на годинешниот „Дубровник форум“.

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност за граѓаните

27/06/2026

Дигиталната трансформација во Македонија веќе не е само теорија, туку испорачува конкретни резултати преку побрза администрација, електронски документи без чекање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy