Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСАНДАР САРЏОВСКИ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ЕДС: Нов менаџмент, стабилност и перспективи на енергетскиот пазар
Економија

ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСАНДАР САРЏОВСКИ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ЕДС: Нов менаџмент, стабилност и перспективи на енергетскиот пазар

11/04/2025

AA

Наша цел е да ја зајакнеме позицијата на ЕДС како водечки
снабдувач на електрична енергија. Ќе понудиме нови и единствени производи на малопродажниот пазар на електрична
енергија со долгорочни позиции со фиксни цени како и производи со комбинација
од фиксни и индексни цени на електричната енергија. Ова во интервју за Фактор го открива новиот главен извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.

Г-дин Сарџовски, од минатата
година сте на позицијата
главен извршен директор на ЕДС. Кои
се вашите главни приоритети во водењето на компанијата?

Сарџовски: Мојата
основна мисија е да ја зајакнеме позицијата на ЕДС како стабилен и сигурен
партнер на компаниите. Во динамичен и предизвикувачки енергетски сектор, клучно
е да обезбедиме сигурност на снабдувањето и цените, конкурентни услови и висококвалитетна услуга за нашите клиенти.

ЕДС и во моментов ужива
одлична репутација во индустријата и меѓу потрошувачите како сигурен снабдувач,
со исклучителен посветен тим на експерти во областа на трговија со електрична
енергија. Потврда на оваа репутација е нашето растечко продажно портфолио, како
и продажбата на над 50.000 kWh
во текот на секој час.

Но, целта ни е континуирано
подобрување и подигнување на нивото во индустријата. Работиме на зголемување на ефикасноста, иновативни решенија и одржливи
стратегии кои ќе овозможат долгорочен развој, како за нас како компанија снабдувач со
електрична енергија, така и за нашите клиенти кои не’ избираат за свој сигурен
партнер.

Како новиот менаџмент ќе придонесе за развојот на
компанијата?

Сарџовски: ЕДС
има нова, модерна менаџерска структура со јасна визија за иднината. Фокусирани
сме на унапредување на работењето, зголемување на конкурентноста и подобрување
на услугите за нашите клиенти. Нашата стратегија се заснова на иновации во
енергетските услуги, дигитализација на процесите и поддршка на клиентите во
нивната транзиција кон поодржливо енергетско работење.

Покрај тоа, во периодот што следува, ЕДС
ќе излезе со нова понуда на пакети за снабдување со електрична енергија,
прилагодени според специфичните потреби на различните сегменти на пазарот. Овие
пакети се креирани да одговорат на потрошувачката на струја на компаниите –
како на големите корпорации, така и на малите и средните претпријатија. Нашите нови производи наменети за малопродажниот пазар на
електрична енергија вклучуваат долгорочни позиции со фиксни цени како и производи со комбинација
од фиксни и индексни цени на електричната енергија.

Нашата цел е да
им помогнеме на деловните субјекти да ја оптимизираат својата потрошувачка, да
заштедат на трошоци и да ја подобрат ефикасноста на своето работење. Притоа,
цените што ги нудиме ќе бидат навистина конкурентни, обезбедувајќи максимална
вредност за нашите клиенти.

Поврзаноста со PPC – Поддршка од најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа

Што значи за ЕДС тоа што е дел од PPC Group?

Сарџовски: Како дел од
PPC Group, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, ЕДС има силна предност на пазарот. Со вкупен инсталиран капацитет од12.3GW, PPC произведува приближно 21TWh електрична енергија годишно.Групацијата опслужува 8.8 милиони клиенти во Грција и Романија,
испорачувајќи околу32TWh електрична енергија, управувајќи со
регулирана актива во вредност од 4.9милијарди евра.Toa што сме  дел од PPC ни обезбедува стабилност, сигурност во снабдувањето и пристап до
експертиза и технологии кои ги подобруваат нашите услуги. Благодарение на ова,
можеме да им понудиме на нашите клиенти најдобри решенија во однос на квалитет,
цени и енергетска ефикасност.

Какви конкретни придобивки имаат клиентите од оваа
поврзаност?

Сарџовски:  Нашите
клиенти имаат сигурен пристап до стабилни извори на енергија, конкурентни
пазарни цени и поддршка во подобрувањето на нивната енергетска ефикасност.
Дополнително, како дел од PPC Group, нудиме зелени енергетски сертификати и
решенија за одржлива потрошувачка, што им овозможува на компаниите да бидат енергетски ефикасни и да се усогласат со најновите европски регулативи
за енергетска транзиција.

Развојот на енергетскиот пазар – предизвици и
можности

Како го оценувате развојот на енергетскиот пазар во
нашата држава?

Сарџовски: Енергетскиот
пазар во земјава поминува низ значајни трансформации, особено со процесот на
либерализација, воведувањето на нови регулативи и зголемената побарувачка за
зелена енергија. Сè повеќе компании, особено по
турбулентниот период за време на енергетска криза, препознаваат
дека изборот на снабдувач со електрична енергија не е само прашање на цена,
туку и на сигурност, флексибилност и ефикасност.

Кои се главните предизвици во енергетскиот сектор и
како ЕДС се справува со нив?

Сарџовски: Главен
предизвик е нестабилноста на глобалниот енергетски пазар, но нашата стратешка
поврзаност со PPC Group ни овозможува да обезбедиме сигурни и конкурентни
услови за нашите клиенти. Дополнително, работиме на воведување нови технологии
и дигитални платформи кои ќе го олеснат пристапот до енергетски услуги и ќе ја
зголемат транспарентноста во снабдувањето.

Како дел од
водечката енергетска групација во Југоисточна Европа – PPC, ЕДС и сега и тогаш за време на таа криза, на своите клиенти
им овозможи и продолжува да им овозможува стабилност и експертиза во
обезбедувањето на најоптимални решенија. Нашиот пристап е насочен кон креирање
прилагодени пакети кои одговараат на специфичните потреби на бизнисите,
овозможувајќи им долгорочна финансиска предвидливост и енергетска ефикасност.
Дополнително, со фокус на одржливоста, активно поддржуваме компании кои негуваат висока свесност за енергетска ефикасност и
користење на т.н. „зелена енергија“ преку интеграција на обновливи извори во
нивниот енергетски микс.

Преку комбинирање
на иновативни решенија, конкурентни цени и експертска поддршка, ЕДС се
позиционира како доверлив партнер кој им помага на клиентите да го оптимизираат
своето работење и да останат чекор понапред во динамичниот енергетски пазар.

Што можат да очекуваат клиентите на ЕДС во
наредниот период?

Сарџовски: Ќе продолжиме да вложуваме во подобрување на
услугите, транспарентност во работењето и поддршка за компаниите во реализација
на нивните бизнис планови, како и кон нивната транзиција кон одржливо
енергетско работење. Како што веќе споменав, нашата цел е да им овозможиме на
клиентите сигурност, економичност и модерни решенија што ќе им помогнат да го
оптимизираат своето работење.

Во таа насока, подготвуваме нова понуда со различни пакети за
снабдување со електрична енергија, кои ќе одговараат на специфичните барања на
бизнисите. Со ова, компаниите ќе добијат можност да изберат модел на снабдување
што најдобро одговара на нивниот обем и начин на потрошувачка. Нашата цел е да
понудиме флексибилни и конкурентни услови кои ќе им овозможат подобро
управување со трошоците за енергија и поефикасно работење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска

04/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее

04/11/2026
Македонија

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО

04/11/2026
Македонија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати

04/11/2026
Македонија

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката

04/11/2026
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46583
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска магла и минусни температури

04/11/2026

Времето в четврток, 5 ноември, ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее да биде доведен во прашање

04/11/2026

Европската Унија треба да понуди креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој во македонските евроинтеграции, без да се доведува во

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО КАФЕАНИ“ Петар Богојески им одржа

04/11/2026

Петар Богојески остана на ставот за машка контрола врз жените и во ново видео им се нафрли на мажите кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy