Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инспекторатот заплени 3.000 пакувања нелегални цигари во само два дена
Македонија

Инспекторатот заплени 3.000 пакувања нелегални цигари во само два дена

20/11/2025

AA

Во само два дена контроли, Државниот пазарен инспекторат утврди сериозни прекршувања во трговијата со тутунски производи. На 17 и 18 ноември инспекторите извршиле контроли кај 23 правни субјекти во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, а кај 16 од нив биле пронајдени цигари без фактури и без акцизни марки – производи без трага за потекло, квалитет и платени давачки.

Одземени се над 3.000 пакувања цигари, проценети на повеќе од еден милион денари, кои се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Зад бројките се крие сериозен проблем: илјадници граѓани секојдневно купуваат производи за кои не постојат никакви податоци – ниту за нивното производство, ниту за квалитетот. Единствениот доказ дека цигарите минале низ законска постапка е акцизната марка, а таа кај голем дел од затекнатите пакувања воопшто ја немало.

Според правилата на Царинската управа, акцизна марка може да се добие само од производители и увозници по официјално барање. Таа мора да биде залепена под целофанот, со серија и податоци за количината, и при отворање да се оштетува. Секоја кутија без таква марка, со оштетена или неправилно залепена марка, се третира како производ за кој не е платена акциза и чие продавање е незаконско.

Во пракса, тоа значи дека цигарите без акцизна марка се целосно невидливи за системот: не се знае каде се произведени, каков е нивниот состав, ниту дали во нив има додадени супстанции со цел намалување на цената или „подобрување“ на вкусот. Многу купувачи, пак, се водат само од пониската цена и од изгледот на пакувањето.

Пазарниот инспекторат во соопштението укажува на „нелегална трговија со акцизни добра“, но проблемот е поширок од прекршување на фискалните правила. Непријавената продажба на тутунски производи го поткопува буџетот и го зголемува товарот врз здравствениот систем, кој ги сноси последиците од болестите што ги предизвикува пушењето.

Особено загрижува фактот што најголемиот дел од нелегалните производи биле пронајдени во редовна малопродажна мрежа, а не во скриени магацини или на диви пазари. Тоа покажува дека паралелниот пазар одамна не е маргинален, туку дека нелегалните цигари се реалност со која граѓаните се соочуваат секој ден.

Инспекторатот најавува интензивирани контроли. За затекнатите прекршоци издадени се платни налози и информирани се Царинската управа и МВР за понатамошно постапување. Но, надлежните предупредуваат дека само казни не се доволни – потребна е и свест кај потрошувачите дека купувањето „сиви“ производи значи ризик по здравјето и поддршка на нелегалниот пазар.

Денешните акции само го потврдуваат тоа што пушачите одамна го знаат – цигарите им го нарушуваат здравјето. Но уште поопасно е кога не знаат што точно пушат. Во услови кога дел од производите на пазарот се без потекло и без контрола, предупредувањето „пушењето убива“ добива ново значење – ризикот не е само во чадот, туку и во она што стои зад него.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат, секогаш има и други законски

11/09/2026

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески не се согласува со оценките дека судовите носат одлуки под притисок или под влијание на

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани „Ц“ и „Д“ категории

11/09/2026

Повеќе локации низ земјава денеска се предмет на полициски претреси во рамки на координирана акција на Министерството за внатрешни работи,

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат

11/09/2026

Одлуките на Врховниот суд за укинување на пресудата за случајот „Ласкарци“, како и за предметот против Стевчо Јакимовски, предизвикаа остра

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy